Showing posts with label историја. Show all posts
Showing posts with label историја. Show all posts

Oct 8, 2013

Крсте Петков Мисирков - Самоопределувањето на Македонците

Мојата статија „Македонскиот национализам” објавена во в. „Мир“ од 12 овој месец му го предизвикала гневот на в. „Свободна реч”, којашто ме нарече „еден човек што уште не си ја знае народноста”, со „простачки умувања”, кој „може да пишува нелепости, дури нискости” и е „познат по тоа што некогаш бил во услуга на српската пропаганда” поддржувајќи ја „теоријата на белградскиот професор Цвииќ” за постоењето одделна македонска народност. Пишаното од „Свободна реч” за мене предизвика голема огорченост против мене од страна на жителите на градот во којшто живеам и дури се најдоа луѓе, кои, без да му мислат многу, тврдеа дека тие знаеле оти јас, како студент, сум ги посетувал собранијата и на бугарските и на српските студенти и затоа сум бидувал најсрамно избркуван од собранијата на првите.

Слични глупости и клевети, какви што се напишаа во „Свободна реч” и се растураа во Карлово, човек можеше да очекува, но тие малку ме вознемируваат, зашто се очевидни за секого што ја има прочитано мојата статија во „Мир“ и којшто го познава моето минато. А такви ќе се најдат не малку во Бугарија. Исто така и за Србите е очевиден клеветничкиот карактер на сето она што се пишува и се зборува на моја адреса во врска со моето становиште по македонското прашање.
Јас многу добро знаев дека ќе бидам нападнат за мојот „Македонски национализам”, дека тој на никаков начин нема да биде отпечатен во в. „Илинден” и дури не бев уверен дека ќе го отпечати и во „Мир“. При сето тоа ја напишав статијата и ја испратив во Редакцијата на „Мир“. И на другиот ден по нејзиното напечатување „Свободна реч” направи од мене човек што уште не си ја знае народноста.
За жал, „Свободна реч” не можеше да ме одучи од моите „простачки умувања”. Јас пак наоѓам дека Македонија денеска е распокината, дека Грците успеаја да и’ ги земат најдобрите делови, да го испадат оттаму македонското население и да го заменат со азијатски дошлаци што денеска се трупаат покрај српската и бугарската граница, како што едно време византиските императори покрај бугарската граница образувале воени населби од азијатски колонисти - Ерменци и павлиќани. Наоѓам исто така дека ако Србите и Бугарите не се помират и ако Македонците не бидат впрегнати во доброволна соработка со Бугарите и со Србите за запирањето на грчкиот бран што бавно, но сигурно се движи од југ на север, ние сите: и Србите и Бугарите и Македонците ќе потонеме во несловенското море што од сите страни не опкружува. Мислам дека само во слогата, во соработката помеѓу Србите, Македонците и Бугарите е спасот на сите нас. Србите и Бугарите спореа, печалеа Грците и Романците, ја загубија Македонија, Тракија и Добруџа.
Најважниот услов за соработката помеѓу Србите, Бугарите и Македонците е, меѓутоа, полната слобода во самоопределувањето на Македонците. И ете за последново прашање јас го истакнав принципот на македонскиот патриотизам и национализам, како наполно неутрален и задоволувачки и за Србите и за Бугарите и за Македонците; засега можеби поправилно би било да се рече дека еднакво не ги задоволува ни Србите, ни Бугарите, ниту пак Македонците.
Бидејќи од српско-бугарската несогласност страдаме пред се’ ние, Македонците, наш долг е да го бараме средството и патот за помирувањето. Тоа не’ тера „да не си ја знаеме” до денеска народноста и да им кажеме и на Србите и на Бугарите: заборавете ја својата великосрпска и великобугарска идеја, откажете се да ни го натрапувате вашиот национализам и патриотизам, во основата на кој лежи претпочитувањето на вашите интереси пред нашите. Дајте ни да си имаме свои разбирања за нашите односи спрема вас и спрема вашиот спор за нас и за нашата татковина, како и за средствата со кои ќе се дојде до општо јужнословенско добрување. Дајте ни да си имаме свои, македонски национални чувства и да создаваме македонска култура, како што сме го правеле тоа со векови и кога нашата татковина не влегувала во една држава со вашата.
Како Македонци, ние ќе бидиме пополезни и на Македонија, и на Бугарија, и на Србија, воопшто на целото јужно словенство, отколку како Бугари или Срби.
Како Бугарин јас одамна би рекол: Каква ти Македонија! И тука ми е добро, нема зошто да мислам за она што е веќе загубено. Но како Македонец, јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е таму, каде што сум се родил и каде што јас треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично.
Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од се’ друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме близоста на српските, бугарските и македонските интереси, но се треба да биде оценувано од македонско гледиште.
Беззаветната и безгранична љубов кон Македонија, постојаното мислење и работење за интересите на Македонија и полн конзерватизам во пројавите на македонскиот национален дух: јазикот, народната поезија, наравите, обичаите - ете ги главните црти на македонскиот национализам, изјаснет преку „простачките умувања на еден човек што уште не си ја знае народноста“.
Но ние не сме егоисти. Ние не мислиме само за себеси. Ние сме готови да им услужиме и на Србите и на Бугарите, под услов услугата да ни биде доброволна, а не изнудена.
Знаат ли Србите со што ќе им услужиме: ние сите ќе изумреме , но нема да дозволиме грчка нога да ги пречекори денешните граници на српска и бугарска Македонија. Но тоа ќе го направиме ние како Македонци, но не и како Срби. Со Грците ние ќе се бориме, зашто се единствените наши вековни историски непријатели. Целата наша македонска национална историја е полна со борби против Грците. Борба со Бугари и со Срби не познава македонската историја: Бугарите и Србите ги почитуваа националните права на Македонците во средните векови и само Грците ни го убиваа националниот дух и не’ денационализираа. Тие и денеска не’ гонат од родните пепелишта и следствено не’ потсетуваат за нашиот стар историски долг да ги изгониме неканетите гости од нашите дедовски, предедовски земји.
Тоа е македонското национално чувство, тоа е историскиот позив на Македонецот што може да го исполни само како слободен и рамноправен граѓанин на Југославија, на когошто му е дозволено да мисли, да чувствува, да зборува и да дејствува како Македонец.

К. Мисирков: Самоопределение на македонците, „Мир“ 7427, 25.3.1925, 1.

Jan 16, 2013

САД и македонскиот тутун (Њу Јорк Тајмс 8 октомври 1917)

Вест на Њу Јорк Тајмс за македонскиот тутун, за неговата важност, цена, квалитет. 
Потврда за долгогодишното искористување на македонските ресурси.



Oct 15, 2012

Ако соседите се однесуваа како Република Македонија



  Бугарија ќе дозволеше слободен попис и посебни права за етничките заедници, па Македонците во Бугарија ќе ги уживаа сите права и слободи. Ќе имаа универзитет на македонски јазик, а македонскиот ќе беше службен во Пиринска Македонија. Омо Илинден Пирин ќе беше призната партија и Македонците ќе имаа најмалку 10 пратеници во собранието, ќе беа дел од владеачката коалиција, ќе имаше министри Македонци дури и вицепремиер на Бугарија ќе беше Македонец.

    Во Албанија и Косово исто така ќе имаше слободен попис и посебни права за малцинствата. Македонците ќе имаа најмалку средни школи на мајчин јазик а во поголемите населени места како на пример Пустец ќе имаше споменици од Гоце Делчев, Павел Шатев, Петар Поп Арсов, Ченто, Михајло Апостолски и други значајни Македонци од историјата. Горанците ќе беа признати како Македонци и ќе ги уживаа сите права како и останатиот дел од населението. Задолжително ќе имаше пратеници Македонци.
   
Во Србија Македонците исто така ќе добиеја посебни права како малцинство, ќе имаа најмалку еден градоначалник како и најмалку еден пратеник во собранието како дел од владеачката коалиција. Македонскиот ќе беше службен во општините со поголем број Македонци како Панчево и Пландиште, а СПЦ ќе ја признаеше автокефалноста на МПЦ.   

   Грција ќе го признаеше геноцидот врз Македонците од Егејска Македонија и ќе се извинеше за истиот. Ќе го признaеше македонското малцинство и македонскиот јазик и ќе ги вратеше имотите на Македонците. Нашите таму ќе можеа да имаат македонски имиња како и сите топоними ќе си ги вратеа старите називи и ќе беа македонски. Ќе учеа на македонски jјазик кој исто така ќе беше службен во местата со поголем број Македонци. Виножито ќе имаше свои градоначалници како и пратеници во собранието во владеачката коалиција. 

    Во сите земји ќе имаше задолжителни вработувања за Македонците и ќе имаа право на чествување на македонските празници како и слободни денови за истите. Преминувањето на граница со сите соседи ќе беше само со лична карта. Нашите амбасадори во овие земји ќе можеа да се мешаат во државната политика, ќе постоеше посебна економија меѓу нас и соседите и соработка на полицијата. За крај сите соседи ќе лобираа за Република Македонија и ќе ја поддржуваа во евроатланските интеграции. Се ова ќе постоеше ако соседните држави со кои граничиме се однесуваа во својата политика како што се однесува нашата земја. За жал нивниот однос не е ни блиску до ова туку премногу далеку.

Feb 23, 2012

Macedonian hotel


Хотел Macedonian се наоѓа во  Сити Ајленд кој порано бил дел од градот Пелхам. Во 1890тите Њу Јорк Сити се присоединил со поголемиот дел од градот Пелхам вклучувајќи го и Сити Ајленд.  За време на подолг временски период во 19тиот век голем дел од населението на градот Пелхам живеело во Сити Ајленд. 

слика од хотелот

Долго време сопственик на хотелот бил еден од луѓето кои живееле таму, Џејкоб Смит. Наводно, делови од хотелот биле изградени од остатоци од англискиот брод  Macedonian (Macedonia). Комодор Стефан Декатур (капетан во тоа време) го освоил бродот за време на војната во 1812 по што и е познат. 

Џејкоб Смит  Германско - Американски државјанин на Сити Ајленд, градски реон на Бронкс, каде бил обожуван и познат како спасувач на стариот брод Македонија "Macedonia"  кој постанал локален историски интерес со големо значење.

Џејкоб Смит со семејството


Во хотелот кој сега е ресторан во денешниот Сити Ајленд) има плаката со посвета на која пишува:
 „Хотелот остаток од англискиот брод "Macedonian” освоен на 25ти Октомври 1812, недела од страна на капетанот на фрегатата на Сооединетите Држави "Сооединети Држави", Стефан Декатур, У.С.Н. Борбата се одвиваше во Лат. 24степени северно, во должина 29 степени и 30 секунди западно, околу 600 милји северозападно од пелерината на островите Верде во близина на западниот брег на Африка и продолжи во Ковбеј во 1874. “
 
Оваа легенда привлекла многу љубопитни посетители од далеку и блиску до малиот хотел на Сити Ајленд. Сепак испаднало дека дел од информациите не се точни. Градбата содржи материјал кој не потекнува од остатоците на “Macedonian”  освоен за време на војната во 1812.  Градбата е изградена од дел од остатоците на друг брод исто така наречен "Macedonian" кој бил лансиран во Госпорт во Вирџинија во 1836, преизграден во Бруклин во 1852 и уништен во 1874 во Кав Беј, Лонг Ајленд. 

За бродовите со име Македонија повеќе на овој линк 

Извори:

Feb 13, 2012

Асимилација на македонското население во Кичево за време на Втората светска војна


Со навлегувањето на германските сили во Македонија, во Скопје доаѓа група на македонски емигранти од Бугарија и организира Централен акционен бугарски комитет. Негова задача беше подготвување на терен за пречек на бугарската фашистичка војска, администрацијата и полицијата. Тоа се прави како фарса да се прикажат окупаторите како ослободители.
Овој акционен бугарски комитет развива пропаганда против окупирањето на западниот  дел на Македонија од страна на Италија, со што ја усложнува положбата на ова население. Имено по примерот на овој комитет во Кичево се формира одбор со претседател Милан Пејоски. Сето ова направено како противтежа на Италија врз словенската припадност. *
По угледот на пробугарскиот одбор во кичевско, албанското население формира проалбански, со цел да подготви терен за пречек на Албанците од Албанија за негов претседател е избран Веро Коне.
Сето ова се прави во периодот од еден месец кога нема власт, а кое време е познато како интегрум-меѓувластие. Внатрешните превирања се манифестираат поради надворешните фактори. Постоеја случаи покрај задолжителното поставување на германски знамиња на дуќаните и јавните згради се поставувани и бугарски и албански зависно каков глас ќе се слушне,  односно кој ќе доаѓа. **
Подрачјето окупирано од Италија од страна на Дивизијата Фиренца е со над 15 000 воено полициски сили распоредени насекаде со седиште во Дебар. Во Кичево се стационирани 1 000 фашистички војници, 300 карабинери и гранични единици со вкуно 250 војници или вкупно на ова кичевско подрачје постојано од почетокот  се наоѓаат 1 550 вооружени лица.
До стапувањето на сила на договорот Ќано-Рибентроп во Виена 10  мај 1941 година со која се одреди демаркационата линија бугрските единици иако беа блиску до градот не смееја да го нападнат. Исто така постпауваше и италијанската војска која беше пред градот.
Прв акт со кој се воспоставува окупаторската административно-управна власт на територијата од Западна Македонија претставува Мусолиновиот декрет од 17 мај 1941 година. Со овој декрет се регулира организацијата на цивилната и судската власт.
Со декрет на кралскиот намесник Франческо Јакомини територијата административно е припоена кон Албанија која исто  така самата од 1940 година е поробена од Италија. За населението од овој дел на Македонија под воена италинаска и цивилна албанска власт почнуваат многу страдања.
Големоалбанските квислинзи помагани од италијанската воена управа користејќи ја националната и економска обесправеност на Албанците во Кралството Југославија почнуваат да спроведуваат политика заподелба на Македонците и Албанците. Како прва и најпрималива парола за Албанците е создавањето на голема Албанија.

Прилог
__________________________________________________________
Призрен, 22 јули 1941
АЛБАНСКО КРАЛСТВО
ВИСОК ГРАЃАНСКИ КОМЕСАРИЈАТ
ЗА КОСОВО ДЕБАР И СТРУГА
Бр. 5/1
Призрен 22. VII/XIX

До господинот Ахмед Садику – Кичево

Врз основа на декретот бр. 3 од овој месец назначени сте за претседател на општината во Кичево.
Откако ќе го преземете управувањето со општинските канцеларии, веднаш да се нареди отстранување на сите натписи и фирми на дуќани кои се напишани на словенски јазик. Тоа важи и за улиците  кои носат словенски имиња.
За денот кога ќе треба да почнете со работа, ќе ве известиме преку комесеријаттот во Призрен.
                    ВИСОК ГРАЃАНСКИ КОМЕСЕРИЈАТ
ЗА КОСОВО, ДЕБАР И СТРУГА
ДРЖАВЕН МИНИСТЕР
Фејзи Ализоте,  с.р. ***
____________________________________________________________ 

Фашистичкиот принцип за воспоставување  на воената и административната управа скоро во ништо не се разликува од онаа што започна да се применува и во делот од Македонија окупиран од страна на Бугарија. Тоа се однесува и за подрачјето на Кичево што остана под окупација на Бугарија.
Бугарија, Вардарска Македонија ја дели на две области: Скопска и Битолска на чие чело се наоѓаат обласни директори. Покрај обласните како највисоки територијални  единици, окупираниот дел на Македонија е поделен на околии и општини.
Кметовите во општините се поставувани посредо од страна на министерот за внатрешни работи и нему му одговараат за работата. Овие исто така се потчинети и на обласниот директор и околискиот началник.
Назначувањето на службениците во сите органи на власта во Македонија бугарската фашистичка влада го врши од редот на службеници доведени од Бугарија. Овој акт бугарската влада го објаснува во прв ред со непознавањето на државното уредување на Бугарија од страна на дошаните службеници.
Со присоединување на дел од Западна Македонија кон Албанија, високиот цивилен комесар во Призрен, Фејзи Ализота со акт број 63/1941 година издава наредба на сите префектури и потпрефектури на установите и приватните згради и работилници натписите да се пишуваат италијански и албански јазик. Употребата на македонскиот јазик односно словенскиот како што тие го викаат во службените односи е забранет,  со една наредба на дебарскиот префект и во телефонските разговори не е допуштено да се зборува на македонски јазик.
 На адвокатите и писарите кои не го знаеле албанскиот јазик им е забранета нивната натамошна работа. Со еден распис на квинслишката влада на Албанија, забранети се сите имиња и презимиња од неалбанско население кои завршуваат на ски, ов или иќ. Истите мора да завршуваат како кај Албанците.****
Спрема Мусолиновиот декрет од мај 1941 година сите службеници кои се задолжителни да се јават на работа се обрзани да учат италијански јазик. Затоа во Кичево и селата се организирани курсеви за изучување на италинаскиот јазик, а пак албанскиот јазик го изучуваат со задолжение и одие Албанци кои не го знаеле албанскиот јазик.

_____________________________________________________________
АЛБАНСКО КРАЛСТВО
ПОТПРЕФАКТУРА КИЧЕВО
ДО
ОПШТИНАТА, СЕЛСКИТЕ ОПШТИНИ И СИТЕ ДРУГИ ДРЖАВНИ КАНЦЕЛАРИИ

Забележано е дека во вашиот град и по селата што не е во случај со краевите на Косово, Тетово и Гостивар, црната капа е вообичаена капа за мажите. Црната капа воопшто не е албанска капа, албанската национална капа (за оној што се чувствува таков, чувствува и мисли како Албанец) е белата волнена капа. Поради тоа оправдано е и навреме Албанците да почнат да ги искажуваат своите чувства за слободата, ставајќи ја белата национална капа. Фрлајќи ја црната која е обележје на црнина и неалбанство.
Во Кичево се зборува многу малку албански, капите се црни и нема ниедно видливо и потполно обележје на албанство.
Затоа, убедете ги граѓаните и селаните да го стваат на глава обележјето на нашите прадедовци, белата капа, децата да ги испратат на школо да го научат албанскиот јазик и ти, родителите да одат на вечерни школи, да г о научат да го зборуваат албанскиот јазик, да научат да читаат и пишуваат.
Во општините градски и селски, во случај кога ќе се појават мажи со црни капи, да им се обрне внимание дека кога одат во државните канцеларии треба да ја имаат белата капа на главата, да зборуваат албански, инаку нема да имаат олеснување за службената работа.
Кметовите на градските и селските општини, кои го претставуваат законот татковината и албанската држава, треба да служат за пример на другите.
Очекуваме примена на оваа наредба што поскоро.*****

Примено
6. III. 1942 XX
Потпрефект

(Екрем Телхај), с.р.
______________________________________________________________

Политиката на однародување на македонскот население во прв ред се прави преку отворање  на училиштата. Во нив наставата исклучиво е на албански јазик. Учители се доведуваат од Албанија а има и приучени интелектуалци. Поради недостаток на просветни работници во најголемиот дел селски општини училиштата не се отворени. Таму каде што работат наставата се изведува во духот на фашистичката идеологија и големоалбанството. При тоа за одбележување е и тоа што покрај сите притисоци врз родителите, децата не одат на училиште, што е особено карактеристично за децата од албанската припадност. Тоа е така, бидејќи родителите ниту децата го познаваат албанскиот јазик. На тој јазик никогаш не се зборувало во нивните домови.
По принципот на Италија и албанските квислинзи исто така постапува и Бугарија во однос на денационализацијата на македонскиот народ. Забранета е употребата на македонскиот јазик како во администрацијата, така и во училиштата па дури и во обичниот разговор на луѓето. Бугарскиот јазик е прогласен за службен.
Бугарските власти создаваат широка мрежа на просветни установи во прв ред училишта. Ги отвораат скоро сите училишта по селата од кичевската општина. Наставниот кадар исто така е доведен од Бугарија. Наставниците исто така се задолжени да поднесуваат извештаи за средината ако нешто забележат е спротивно на интересите на Бугарија. Денационализацијата, бугарскиот окупатор ја спроведува со обновување на низа активности во случај на верски и државни собири користејќи испробан пропаганден материјал. ******
Окупаторите вистинскиот лик го прикажуваат и со потегот кога во населените места формираат фашистички организации. Италијанците немаат никаква доверба кај големоалбанците. Тоа се потврдува и со фактот што во седиштето на префектуритесе формирани федерати (органи на фашистичката партија), истото се прави и во потпрефектурите. Овие органи се викаат фаши. Во селата најниски истанции на фашистичката партија се капонуклес (раководител на група). Во сите органи на фашистичката партија особено во федератите се инфилтрирани органи на СИМ (Известителна служба) и ОВР (Контраизвестителна служба).********


*А – ИНИ Скопје Р – 12 (1,2,3) 16
** Изјава на Владимир Бикариќ за РТВ Загреб, март 1980 година
***АМ. Ф, кичевска општина к.1. арх. Бр. 2/2
****АМ. Ф, кичевска општина к.1. арх. Бр. 2
*****АМ. Ф, кичевска општина к1.  арх. Бр.2
****** В. Ивановски „Ослободителната војна во Западна Македонија“ стр. 25
******* В. Ивановски „Ослободителната војна во Западна Македонија“ стр.30

Аце Сајкоски „Кичевчани втемелувачи на македонската државност“ стр. 15-19

Sep 14, 2011

Димо Хаџи Димов за Македонското Прашање – 1901 г.


... Ослободувањето на Македонија не може да биде друго освен предмет на најгрубо и надмено бесчестие од страна на дипломатскиот свет, зашто тука се истакнуваат најјарко аспирациите и мечтите на големите сили. Односите на последниве кон несреќите на македонскиот роб, какви и да стануваат во текот на времето, не можат да бидат добродетелни и хумани. И нека изјавиме уште отсега дека ако на Македонија и е пишано да се ослободува исклучиво по дипломатски ред, без активното учество на самите Македонци, кое е мошне неверојатно, тогаш овој „Хуман", како што ќе го наречат, акт ќе биде продукт на грубо материјални и спекулативни сообразувања. Впрочем, за ова не треба да зборуваме, зашто одбегнатата рамнотежа помеѓу државите старателки, докажано е, не се нарушува без сериозни бунтови и безредици. Овдека исто така нека изјавиме дека не би постоело никакво источно прашање ако не беше таа фатална тактика на големите држави да прават најчудовишни злосторства за задоволување на својата незаситена дрчност. Одамна ќе изгрееше во Македонија, како и насекаде каде што има потреба, сонцето на слободата, ако само човекољубивост ја движеше дипломатијата! Бидејќи одамна и мошне одамна постојат условите и потребните мотиви за една таква патриотска постапка од страна на силите. Зарем не гледаат тие дека од векови се измачува безбожно еден кроток народ, осквернувајќи му ги светите чувства, мисли и желби? Тие го гледаат, но за несреќа пасивно ропско негодување не е доволно да ја предизвика нивната благородна интервенција: тие само го унесреќуваат уште повеќе и без тоа злосреќниот народ, како во непомирливата омраза и нетрпеливост, што ги чувствуваат меѓу себе, се забораваат и се подбиваат со патилата на оние што во еден миг, без капка крв би можеле да се престорат во слободни граѓани. Да! Се подбиваат, зашто наместо да издигнат еден измачен народ на нозе, за да почне да задише слободно, кое можат да го сторат само со еден збор: „да биде слободен" - тие го оставаат на дивиот човечки произвол олицетворен во една грозна и убиствена тиранија, каква што е турската... А зошто сето ова е така, рековме веќе. Робот се валка во калта на моралните и физички страдања, во калта, во ужасната кал на теророт, неморалот и насилствата, само за тоа зашто царува меѓусебна недоверба меѓу големите сили, отпечатени врз нивните противречни претензии на Исток.
Таква е положбата. Злосторничкиот турски режим е неподнослив за македонското население и антагонизмот меѓу последното и владејачкото племе ќе се заврши со револуција. Револуцијата се јавува како логичка последица од одот на работите во Турција. Спор може да станува само за времето кога ќе се почне. Ги следи ли официјалниот европски свет овие настани од внатрешноста на турската империја? - Со најнапрегнато внимание. Ние со два збора ќе го карактеризираме тоа внимание. Ние видовме дека политичката смрт на турската империја е веќе потпишана од европската дипломатија. Последната не направила до сега ниту еден обид за општо свестување на таа земја, зашто по актот за смртта тој е ненужен; поради истите сообразувања нема да направи обид и по делумното македонско прашање пред да пристапи кон конечното расчистување на сметките со „болниот" човек. Зошто? Затоа за да се наложи во Македонија со сите гаранции еден културен поредок, ќе рече да се признае виталноста на турското племе, а тоа е ветено на заграбување. А дали е можно воведувањето на реформи во Македонија? Се разбира, ние не ги очекуваме тие реформи од добрата волја на Султанот, но дека Европа е во состојба да ги наложи и осигури, во тоа ни најмалку не се сомневаме. Значи, смирувањето на Македонија пред умртвувањето на „болникот" не е во интерес на европската дипломатија. Таа нема желба за предвремени реформи во Македонија, ами тоа се диктира од нејзините крајни цели. И ние гледаме како се врши покровителство над еден ужасен режим во Турција, како се насрчуваат сите за душата потресни правци на тој режим. Зошто сето ова? За да зрее и се поддржува принципот дека Турција е неспособна да живее... Вистинските намери на европските политички сојузи изискуваат режимот во Турција да држи дел од народот во размирна состојба. Одвај ли има потреба да кажуваме дека ако волкот беше еден или глутницата една, ќе се свршеше работата без такви додевни формалнрсти. Но во случајов тие се многу и противни еден на друг, та сакале-нејќеле се помируваат со тие формалности. Меѓутоа, умната европска дипломатија не дозволува крајности на тој правец. Таа со отворени очи следи да не ги прескокне нејзиниот сакан режим границите на можноста, за да не се распали некаков револуционерен орган во сред угнетуваниот народен слој. Тоа би било пожелно ако спорот за грабежот некако е разрешен, но пред тоа е бесмислено, грозно... И така, денешната положба во Македонија е пожелуваната од сите фази на идниот нивни
завојувачки процес. Реформи не сакаат да наложат претходно, но и не го оставаат турскиот режим да си го доврши делото докрај, пред да си ги завршат и тие сметките докрај. Не лутете му се, впрочем само на Султанот...
До тука, македонското прашање, колку и да е тажна неговата положба, сепак не е толку сложено. Меѓутоа, тоа е само негова прва половина. Понатаму ние ќе се судираме со цел ред други факти, кои уште повеќе го заплетуваат ова прашање, правејќи му ја состојбата двојно пожална. Тие фактори се балканските државички. Тие сите учествуваат во македонското прашање. Замешувањето нивно почнува од самото зародување на ова прашање и ќе продолжува до крајот. Зошто? Зашто и тие го носат печатот на буржоаското господство, зашто и нивните влади како израз на тоа господство имаат желба за заграбување, за раширување на своите предели, за зголемување на сферата на економскиот гнет.
... За нас е повеќе од јасно, дека бугарските влади секогаш правеле сметка за Македонија иако таа сметка тие ја криеле од широката маса со библиската реченица: „добри пријателски врски со владејачкиот дворец", тогаш тоа го правеле од нужност, така како што од нужност европската дипломатија се грижеше „за запазувањето на тишината на Исток". Така што бугарската буржоазија преку своите влади не можеше да мисли и чувствува поинаку освен како што бараат нејзините интереси. А нејзините интереси бараат присоединување на Македонија кон Бугарија. И тоа е мошне природно. Ако до сега таа не го направила тоа, се должи не на тоа што се покајала и се откажала од таква нечесна зделка, туку затоа што нема доволно сила за да ја оствари таа зделка. Меѓутоа, таа не го напуштила и никогаш нема да го напушти својот идеал, а бидејќи самата не е во состојба да го заврши „историското" дело, прибегнува до тајни комбинации со европската дипломатија. Вака стои прашањето со официјална Бугарија. Никогаш не треба да заборавиме дека таа Бугарија нема да го задоволи својот апетит со автономијата на Македонија, макар што и таа ќе биде од не мала полза за неа. Нејзиното молчење по ова прашање се наметнува од посебни причини, кои не ги затскриваат ни најмалку нејзините вистински намери.“
(преземено - Документи за борбата на македонскиот народ за самостојности за национална држава, том први, 1981 г. Редакција: Гане Тодоровски). Скопје, 1974, стр. 58 - 61, 64 -65

Sep 9, 2011

Васил Чакаларов


Васил Чакаларов (с.Смредеш, Костурско, 1874 – Костурско, 20.VII.1913) – македонски револуционер, војвода, учесник во Илинденското востание. Тој е еден од најзначајните војводи на Македонската револуционерна организација и најголемите легенди од Илинденското востание. Завршил прогимназија. Бил близок соработник и пријател со Гоце Делчев. Во 1900 година Борис Сарафов го испратил во Грција за организирање канал за испраќање оружје и муниција за потребите на ТМОРО. Поставен е за костурски војвода во 1901 година, а како член на Костурското горско начелство учествувал на Смилевскиот конгрес во 1903 година. Во Илинденското востание ја раководел најголемата чета од 2.000 востаници. Учествувал при ослободувањето на Клисура и на Невеска и во борбите кај с. Вишени,  Костурско-леринскиот регион. По Востанието, со чета се борел против андартите и против грчката пропаганда во Костурско. Во Првата балканска војна (1912) со чета дејствувал во заднината на османлиските сили. Во Втората балканска војна дејствувал во заднината на грчката армија и загинал кај месноста „Лакото“ на планината Вичо, Костурско.
Васил Христов Чакаларов е роден во 1874 година во Костурското село Смрдеш. Своето образование го започнал во грчко основно училиште. Но на негово инсистирање, набрзо татко му го префрлил да учи во егзархиско училиште, каде завршил четвртото одделение. Во меѓувреме, работел со својот татко, на повеќе градби во Грција.  Во 1893 година бил осуден и лежел во Корчанскиот затвор.  По успешното бегство во 1894 година, заминал во Бугарија, каде работел како чевлар, каменоделкач и зидар, а за време на  неговиот престој во Шумен, завршил и Вечерна гимназија.
Васил Чакаларов во 1901 година се населил во Софија и се вклучил во активностите на Костурското добротворно друштво, како дел од Македонскиот комитет. Станал претседател на Друштвото и близок пријател со Борис Сарафов. Тој ја помага револуционерната активност на Македонската револуционерна организација и заедно со Лазар Киселинчев ги организирал каналите за купување и пренесување на оружје за Организацијата. Оружјето го набавувал со итрина од Грците, кои не сакале да им го продаваат на Македонците. За да може да ја спроведе набавката, добро познавајќи го албанскиот јазик, тој се претставувал како Албанец.
По избувнувањето на Иванчовата афера, по која турските власти го конфискувале оружјето и уапсиле стотина дејци на Македонската револуционерна организација во Костурско,  на барање на Битолскиот окружен револуционерен комитет, во Костурскиот револуционерен реон бил испратен Васил Чакаларов Тој го ликвидира грчкиот шпион, гркоманот Цеман од село Д'мбени и на Панде Кљашев и Лазар Москов им помага во обновување на револуционерната активност.
Кон крајот на 1901 и почетокот на 1902 година, Костурскиот реон го обиколил Гоце Делчев и со својата чета го одржал „вишиот агитационо-организациски курс“. Откако ја завршиле обуката за месни раководители биле поставени Васил Чакаларов, Пандо Кљашев, Лазар Москов, Лазар Поп Трајков, Кузман Стефов и Михаил Николов. Истовремено Васил Чакаларов бил задолжен да продолжи со набавката на оружје. Тој ќе го спроведе задолжението, а со последната испорака од Грција ќе завршат основните набавки на оружје за Костурско-леринскиот регион.
Во август 1902 годима во селото Ошчима, здружените костурски чети под водство на Чакаларов ќе се судрат со четата на арамијата Коте Христов, кој еднаш веќе бил осуден од Организацискиот одбор на смрт, но помилуван од страна на Гоце Делчев. Во септември истата година, со раководството ќе го спречат предвременото востание кои по налог на ВМОК го подготвувале полковникот Атанас Јанков и Коте Христов.


Во текот на зимата 1902/1903 година Чакаларов ги распоредил луѓето од четите по околните села, а во селото Смрдеш организирал леарница за бомби. Во меѓувреме се справувал со врховистите, а населението го убедувал да ја напушти Патријаршијата и да премине во Егзархиската црква. Тоа му успеало со населението во селата Врбник, В’мбел и Черешница.
По неуспешниот обид на Анастас Јанков за кревање на востание во Загоричани, состојбата во Костурско значително се влошила. Турците превзеле строги мерки да ја разоткријат и уништат Внатрешната организација. Во услови кога подготовките за востание земале се поголем замав, теророт на турските власти се потешко се поднесувал. Во пресрет на престојниот Смилевскиот конгрес, Васил Чакаларов најпрво се сретнал со четата на Сарафов на 20 март 1903 година, а на 28 –ми бил опколен од турскиот аскер во селото Смрдеш. Со подршка на селските чети успеал да се извлече и кон крајот на април пристигнал во Смилево, Битолско.
Од 2 до 7 мај 1903 година, Васил Чакаларов и Пандо Кљашев учествуваат на Смилевскиот конгрес на кој е ставен крај на дилемата дали да се крене востание или не. На 7 мај Васил дознава дека неговото родно село Смрдеш е изгорено од Турците. Како член на Костурското горско начелство, Васил Чакаларов се залага за кревање на востание против османлиите. Заедно со Кљашев апелирале востанието веднаш да започне.
По уништувањето на леарницата за бомби во селото Смрдеш, Организацијата претрпела уште еден сериозен удар. Турците откриле и одзеле стотина пушки од Статица, Кономлади и други  села, а теророт се зголемил. Реонското раководство наредило селските чети да излезат, а војводата Чакаларов на 31 мај кај месноста Локвата извршил напад, при што турските сили имале сериозни загуби.
Во средината на јули 1903 година војводите Чакаларов, Кљашев и Иван Попов со четите ги обиколие селата во  Костурскиот реон. По добивањето на одлуката за кревање на востание сите 80 села биле известени, но планот бил откриен. Тоа довело востанието да започне дури вечерта на 2 август 1903 година, а настанала и промена на планот. Наместо напад на Костур, раководството донело одлука да се нападне Клисура.
По првичниот неуспешен напад, востаниците се прегрупирале во две колони. Северната колона ја предводеле Васил Чакаларов, Панде Кљашев и Манол Розов. Освен востаничките чети, под нивна команда биле и селските милиции од с. Загоричани и с. Бобишта. Нападот на Клисура започнал во утринските часови на 4 август 1903 г. По 12 часовна битка, меѓу 2000 турски војници и 700 востаници, во која Турците користеле артилерија и коњица, востаниците со успешни маневри успеале да ја принудат турската војска да се повлече кон Лерин. По ослободувањето на Клисура се организирал слободен живот кој траел до 28 август 1903 година, односно цели 23 дена кога востаниците се повлекле без борба.
На 13 август  1903 година започнало настапувањето на  турската војска кон Костурско. Со бродови 6000 турска војска се префрла преку Костурското езеро во тилот на востаниците. Обидот на Марко Иванов да го запре нивното напредување бил безуспешен, а потоа следел жесток судир со четата Иван Попов кој бил принуден да се повлече во базата на планината Вичо. Турската војска која го следи Попов се судира со четата на Васил Чакаларов кој била во базата.  По повеќе часовна битка Чакаларов и Попов се повлекуваат со востаниците, а во базата оставаат подготвена затруена храна. Повеќе од 250 Турци биле затруени.
На 21 август 1903 година од  три страни во Костурско навлегува 15.000 турска војска, со задача да го расчисти реонот во Костурско. Во оваа акција биле опожарени 23 македонски села, а 600 жители биле убиени. Востаничкото раководство прави разни маневри за да ги натера Турците да престанат со ваквата акција. Востаниците се поделиле во два дела. Една помала која има за цел да ги собере растурените востаници, да му помага на населението и да ја следи турската војска. Втората поголема група на чело со Чакаларов и Кљашев, во близина на селото Апоскен се судрила  и потполно рабила една турска чета од 200 војници, како и засилувањето кое било испратено од турскиот командант. По оваа победа востаничкиот одред на Чакаларов и Кљашев исто така се поделил на две групи, но на 17 август 1903 година повторно се сретнале и во наредните два дена воделе две битки во кои им нанеле тешки загуби на турскиот аскер.
На 24 август 1903 година востанички сили од Костурскиот и Леринскиот крај се концентрираат и групираат околу гратчето Невеска, Леринско. Здружените востанички сили, околу 700 востаници) под раководство на Васил Чакаларов и во содејство со војводите Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Никола Андреев, Никола Мокренски – Алај бег го завземаат гратчето Невеска. Иако на 27 август 1903 година, востаниците се повлекле од градот за да го сочуваат мирното население од 15.000 аскер кој се приближувал, сепак битката за Невеска преставува еден од најголемите успеси на востаниците во текот на Илинденското востание. За време на битката за Невеска, со која раководел искусниот и  веќе прославен војвода Васил Чакаларов, било постигнат висок степен на кординација, борбена ефикасност и со минимални загуби биле постигнати големи воени ефекти.
Васил Чакаларов предводи единица од 450 востаници од Смрдеш, Д’мбени, Косино и Апоскин. Водат борба во близина на Апоскин, а потоа во близина на селото Нострам каде разбиваат помала турска единица и ги казнуваат предавниците. Го чистат Костурско од албанските и турските разбојници, а се борат против андартите и грчката пропаганда. Во меѓувреме, за турските ѕверства направени во текот на востанието, Чакаларов ќе иницира составување на Мемоар, кој на 30-ти август бил доставен до странските дипломати во Битола.
Чакаларов и неговите востаници се разочарани од трагичниот крај на вистанието, како и од нецелосно вклучување на реоните во ослободителната борба. Во своето писмо до пријателот Лазар Киселинчев ќе напише дека при повлекувањето пред турската војска преку Мариовскиот крај забележале една друга слика: „ Може со сигурност да се каже дека оттаму Леринско немало никакво востание, таму дури сега се агитирало и покрстувало. Четите таму се движат скришно и апсолутно никаков напад не презеле, ниту имаат намера да сторат нешто. Четите, па и селаните, ги одбегнуваат средбите со костурските чети за да не си навлечат некоја опасност. Исто е и во Прилепско, таму нема никакво востание, ниту еден од Турците нема некаде повреден. Прилепскиот раководител Петар Ацев бил многу лут, затоа што костурчани направиле толку шумно востание и воопшто зошто востанале“.
По неуспехот на востанието четите се распуштаат. Васил Чакаларов со сестрата Зоја, Пандо Кљашев и Лазар Киселинчев, по востанието тајно се префрлаат преку Грција во Бугарија. Во 1904 година се лекувал во Женева, Швајцарија, а потоа со Сарафов учествувал во формирањето на привремен Комитет со цел да го замени Задграничното преставништво. Но по надминувањето на разликите во 1905 г. Комитетот се самораспуштил. Учествувал на Ќустендилскиот конгрес во 1908 г, а по Младотурската револуција заминува во родниот крај каде се поклонува на гробот на загинатите револуционери во Апоскен. Во меѓувреме изградил куќа и живее скромно во Софија. Се оженил и добил ќерка.
По избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Чакаларов бил поставен за командант на 4-тата партизанска чета, која е дел од Македонско–одринско ополчение. Чакаларов сметал дека македонските ополченци треба да се борат во Македонија, а не во Тракија. Бил испратен во Костурско-Леринскиот реон каде делува со 5-тата чета на Иван Попов и 6-тата на Христо Сиљанов. Здружените чети ги ослободуваат Невеска, Прекопана, Загоричани, Апоскен, Д’мбени, Габреш и Косинец. Чакаларов водел тешка борба со Турците за да и овозможи повлекување на грчката дивизија по поразот кај Баница. Им овозможува на Грците да го освојат Каилјари, на 8-ми ги разбива и заробува 600 Турци кај Писодер и Желев, а ден потоа уште стотина кај Капешица. На 13-ти ноември Македонците од Костур ги пречекуваат како ослободители здружените чети кои влегуваат во градот.
Во Втора балканска војна Васил Чекаларов и Иван Попов повторно организираат  голема чета, која навлезе и ја нападна во тилот грчката армија. Во средината на јуни 1913 година како претходница на 41-от и 42-от пешадиски полк на бугарската армија од Дојран заминуваат во Костурско. На 17 јуни се судриле и ги победиле грчко-српските војски кај Фурка, а потоа кај Стојаково и Богданци. Ја ослободиле Гевгелија, а кај Туши, Мегленско, ги поразуваат грчките војски. Откако Гевгелија повторно потпаднала во рацете на грчката војска, Чакаларов со другите војводи тргнал за Костурско. По предавствата кои се случуваат, најпрво на почетокот на јули Чакаларов паднал во заседа кај Дарма, Воденско. Потоа четата се дели и Чакаларов кој е повреден со своите се повлекува према планината Вичо. Во борба со грчките војници на 20 јули 1913 година во месноста „Лакото“ (близина на Бел камен) на планината Вичо, Чакаларов бил убиен, а неговата глава отсечена.
Отсечената глава на Васил Чакаларов била однесена во Лерин и преставена на народот со повикот: „Нема Чакаларов, нема Македонија.“ Под притисок на српски офицер, главата на еден од најголемите македонски легенди на Улинденското востание Васил Чакаларов му била дадена на епитропот на црквата „Св. Пантелјмон“ кој ја погребал на гробишта.


Mar 31, 2011

Да се убие кнезот Фердинанд (Њу Јорк Тајмс 14 Август 1906)

Њу Јорк Тајмс известува за намерата на Јане Сандански да го убие бугарскиот кнез Фердинанд. 
Странскиот печат пишува дека МАКЕДОНСКИОТ ВОДАЧ Јане Сандански кој бил дел од групата која ја киднапирала Мис Стон се наоѓа во близина на вилата на Фердинанд која е силно чувана и дека кнезот ретко ја напуштал.


Mar 12, 2011

Реч на Исаија Радев Мажовски - 18 јули 1888 година



Реч одржана на 18 јули 1888 година на парабродот „Рицар“ насред реката Днепар во градот Киев, Русија, од Исаија Радев Мажовски од село Лазарополе, Дебарско - Македонија. 

Многупочитувани господа и словенски браќа,
Дознавме во нашиот крај во Македонија, во Дебар и Кичево, за големиот радосен настан - 900-годишнината од покрстувањето на братскиот руски народ од големиот руски кнез св. Владимир и се подготвивме неколкумина од нас да дојдеме во словенската голема Русија за да присуствуваме на овој свечен голем руски празник, но за голема жал не можеме да добиеме паспорти за Русија. Но јас се осмелив и решив да дојдам сам и народот ќе ме испрати со солзи на очи, сожалувајќи дека повеќе луѓе не можат да дојдат во Русија. Јас решив, повторувам, и тргнав ноќно време и цели 30 дена одев, криејќи се од прогонувањето на Турците, и најсетне успеав да дојдам во славна словенска голема Русија. И многу повидни од мене лица од словенска Македонија имаа желба да дојдат во голема братска Русија и да присуствуваат на свечениот празник на 900-годишнина од покрстувањето на рускиот голем братски народ, кој е надежта на сите поробени словенски народи, но не смееја и се плашеа да дојдат, зашто добро знаеја дека ќе бидат фатени и испратени во азиските пустињи. 
Многупочитувани господа,
Македонскиот старословенски народ уште пред 2.500 години е доведен во Македонија од цар Каран, кој како цар Филип и цар Александар бил чист Словен, не повеќе од 500 години поминаа откако Македонија и македонскиот стар словенски народ се потиснати и се наоѓаат под тешкиот турски јарем. Ние, клетите Македонци, офкаме и плачеме, но никој не сака да не чуе, дури и самите наши браќа ни пречат. 
Браќа руски Словени,
Ние кутрите турски робови, македонските Словени, деноноќно го молиме севишниот Господ и нашиот спасител Исус Христос да му даде здравје и долг живот на Негово величество рускиот имератор - единствениот силен заштитник на сите словенски народи, ние го молиме Бога да му даде здравје и долговечност на целото руско возвишено царско семејство, ние го молиме Бога да му даде живот и здравје на целиот руски православен народ, ние несреќните сакаме да задува рускиот силен ветар и да ги распрсне темните и мрачни облаци со кои е обвиена поробена Македонија. Ние го молиме Бога да им подари сила и крепкост на руските храбри орли, да летнат во воздух и да ја покријат цела Македонија, да ги претераат лутите змии и беспоштедните ѕверови, за да ги скршат вековните тешки железни пранги, да ја ослободат вековната турска робинка Македонија. 
Да живее велика и силна Русија! Нека сјае руската златна круна како сонцето на небото во веки веков амин!

Mar 8, 2011

Mass meeting of Macedonians (16 February 1903)


Њу Јорк Тајмс известува за масовен собир на Македонци во Софија против акцијата на владата за растурање на македонските комитети во Бугарија. Исто така и за налогот за апсење на Сарафов и останатите уапсени македонски лидери.



(клик на сликата за оригинална големина)

Feb 4, 2011

Гоце Делчев





Гоце Делчев (1872 – 1903) е еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во Внатрешнa Македонска Револуционерна Организација (ВМРО)


Биографија и револуционерна дејност



Георги Николов Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија, како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Во учебната 1879/80 година се запишал во прво одделение, во унијатско, а потоа се префрлил во егзархиско училиште. По завршувањето на третиот клас од прогимназијата татко му Никола сметал дека тоа е достатно образование, за неговиот син да го наследи на имотот и занаетот. Но по една година загубена во чиракување кај кукушкиот бакал Христо Босаџиев, Гоце се запишува во Солунската гимназија, највисоката школска установа во тоа време во Македонија, ги завршил со одличен успех трите класа и со усвитеноста на своите деветнаесет години решава, дека најдобро ќе им служи на својата земја и најзиното ослободување од османлиската тиранија, ако отиде во Военото училиште. 



Разочарувањето од изборот настапил мошне брзо и тој стоечки ги издржал трите години во ова училиште, цврсто решен, никогаш да не ја облече офицерската униформа. Со радост и душевно олеснување, тој го прима соопштението дека е истеран од Софиското воено училиште, како социјалист.



Положбата во Македонија во тоа време била мошне тешка. Меѓутоа ни петте века робување не биле во состојба да го уништат и избришат чувството на самобитност и самостојност.



Таквата ситуација, уште повеќе ја засилила и утврдила свеста кај македонската интелегенција дека ослободувањето на народот треба да биде негово сопстевно дело. Идејата за револуција веќе била созреана и во низа градови на Македонија самостојно никнувале револуционерни кружоци, сојузи и комитети, но се поставувало прашањето како и со што да се почне. 



Гоце Делчев не знаел ништо за овие работи. Се чини дека тој, наоѓајќи се зад касарнските ѕидишта на софиското воено училиште, е надвор од нив. Но Гоце самиот доаѓа до истата идеја за неопходноста од создавање револуција и тоа организација што ќе го опфати целиот народ. За својата идеолошка и револуционерна подготвеност Гоце полагал големи грижи за запознавање со револуционерите, национално ослободителните и ослободителните движења од другите народи.



Својата концепција на револуција ја градел уште во Солунската гиманзија, и ја доразвил во военото училиште во Софија.



Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација". Кон крајот на летото на 1896 година станува главен учител во бугарското православно второкласно училиште во Банско, Разлошко. На 1 ноември истата година поради здравствени проблеми си подава оставка.
На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во Македонија.



За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.




За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети. 
Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија. 
Иста цел имала неговата Директива во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.



Гоце Делчев како да го посакувал тоа за да може целосно да му се посвети на македонското националноослободително дело. Така, во есента 1894 година станал учител во Штип, каде што веќе работел Даме Груев. Тука веднаш влегол во редовите на МРО и активно се вклучил во проширувањето на организационата мрежа во другите градови и села. На тие места Делчев создал здрави и цврсти бази на МРО, основал канали и погранични пунктови за пренесување на оружје, муниција и литература. При обиколката на тие места насекаде формирал месни комитети МРО.

Во есента 1896 година Делчев заминал за учител во Банско, Разлошко, каде што ја продолжил својата револуционерна дејност. Меѓутоа, наскоро дал оставка на учителската дејност, за да може целосно да се занимава со револуционерна дејност за потребите на македонското ослободително дело.


Уште додека учителствувал во Штип и Банско, по одржувањето на наставата, Делчев активно се занимавал со организаторска и агитаторска дејност. Напуштајќи ги училишните простории, особено по завршувањето на часовите, Делчев крстосувал по околните села и градови и вршел помасовно зачленување на населенито во редовите на ТМОРО. Така ТМОРО постепено ги префрлила градските ѕидини и се преселила и на село. Неделните училишта за возрасни, црковните и манастирските дворови за време на богослужбата претставувале идеални места за ширење на мрежата на ТМОРО. Свртувајќи го вниманието на селските маси, благодарејќи пред сé на поголемата Делчева ангажираност, се пристапило кон посмело, отворено и помасовно влегување на народот во редовите на ТМОРО. Со тоа се подигнало нивото на самочувството дека му се припаѓа на еден народ кој има своја традиција и дека е дојдено време тој да се ослободи од повеќевековниот османски поробувач.



Во пролетта 1895 година, за време на распустот, Гоце Делчев извршил повеќе обиколки во Македонија: во Велес, Солун, Кукуш, Дојран, Струмица, Радовиш и многу околни места во овие градови. Во сите тие места Гоце Делчев основал месни комитети на Организацијата и извршил масовно зачленување на населението во редовите на ТМОРО.



Мошне значајна е Делчевата дејност идното лето (1896 г.), кога во Солун се одржал Конгрес на ТМОРО. Заедно со Ѓорче Петров, го изработил нацртот на уставот и правилникот на Организацијата, која во иднина ќе се вика Тајна македонско - одринско револуционерна организација (ТМОРО). Во Уставот, кој содржел 19 члена, распоредени во четири глави, се следи политичката програма на македонското ослободително дело. Според него, Организацијата е “внатрешна” македонска (со вметнување на Одринско, кое сé уште не било ослободено од османлиите), која единствено ќе раководи со ослободителното дело на Македонија. Издигнувајќи го принципот на самостојност, независност и сувереност на Организацијата, без некакви надворешни попсегнувања и мешања, а особено оние кои што доаѓале од софискиот Врховен македонски комитет, била прокламирана целосна политичка автономија на Македонија и Одринско. Во таа смисла, според Член 1 од Уставот, се предвидувало дека ТМОРО има за цел да ги обедини во едно, сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност, преку револуција, за извојување на политичка автономија. Значи со Уставот се трасирале патиштата за натамошниот развој на македонската ослободителна борба, дека патот кон слободата на македонскиот народ води само преку револуција, која ќе изврши коренити промени во општествено - политичкиот и социјалниот систем во земјата, но и во свеста на македонскиот народ.



Во периодот од 1896 до 1901 година Гоце Делчев, заедно со Ѓорче Петров, бил задграничен претставник на ТМОРО во Софија. Во оваа дипломатска мисија двајцата основоположници на Организацијата, во Бугарија настојувале да ја заштитат македонската ослободителна борба од ВМК во Софија и од освојувачките стремежи на бугарскиот двор.



Од 1897 година, па сé до смртта, во својство на општопризнат основоположник на четите на Организацијата и инспектор на револуционерните окрузи, Гоце Делчев праве повеќе обиколки низ Македонија, во повеќе правци и по неколку пати повторувања. Во историската наука е познат “Големиот поход на Гоце Делчев во 1901/1902 година во централна, западна и јужна Македонија”. Станува збор за Делчевата ревизија и организационата мрежа на ТМОРО, почнувајќи од Радовишко, преку Тиквешијата, во Прилепско и Битолско, завршувајќи во Леринско и Костурско.



Во почетокот на 1903 година Гоце Делчев со својата чета ги обиколил Серско и Струмичко. Во април истата година патувал за Солун со намера да го разубеди Даме Груев да го смени решението за кревање на предвремено и недоволно подготвено востание во Македонија. Не успевајќи во тоа, и доста разочаран, на враќање, за да земе учество на Серскиот окружен конгрес, предаден и следен, загинал на 4 мај 1903 година кај селото Баница, Серско.



Целиот свој краток 31 -годишен богат и плоден живот Гоце Делчев го посветил на самостојноста и самобитноста на македонското националноослободително движење, за подоброто утре на својот народ. Поради сето тоа, тој голем син на македонскиот народ зазема најзначајно - врвно место во историјата на Македонија.



Гоце Делчев водел непомирлива борба за ослободување на Македонија од стегите на османското владеење, потоа против посегнувањето на големобугарската завојувачка политика и на балканските земји во Македонија. Во таа смисла, неговата револуционерна девиза била борба за автономија на Македонија во рамките на Османската држава, како преодна фаза кон конечно ослободување на Македонија. Тоа значи дека тој го воспитувал македонскиот народ врз принципите на македонската автономија како услов за братско сожителство на слободните балкаснски народи. Оттаму, мошне јасна е неговата позната изрека: “Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”.



Со својата храброст и личен пример, овој голем македонски син го будел духот за слобода на поробениот македонски народ, неговите чувства за самостоен живот, а со тоа ги продолжувал револуционерните традиции за национално и социјално ослободување. Затоа, неговото станало светол симбол, легенда во натамошните борби на македонскиот народ за извојување на слобода на татковината, поради што народот го опеал во народните песни.




НА РЕВОЛУЦИОНЕРНОТО ПОПРИШТЕ


            
Откако дефинитивно решил да замине за родната земја и по добивањето на учителското место во Ново Село (Штипско), Гоце Делчев ја напуштил Бугарија, и кон крајот на октомври 1894 година пристигнал во Штип.

По пристигнувањето во Штип, Гоце бил пречекан од Даме Груев, кој тогаш учителствувал во Штип. Тие двајца се активирале не само за ширење на просветата, туку и на ширење на револуционерната идеја, за зголемување на револуционерната организациона мрежа. Уште вечерта, на провокативното Дамево прашање - зошто ја напуштивте Бугарија, Делчев одговорил: ,,Може ли да има друго место за еден Македонец освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Македонија?". 

Восхитен од Делчевата ослободителна концепција, Груев широко го отворил срцето со зборовите ,,Добро сте ми дошле", при што им го врачил Уставот на младата МРО. 

Веќе наредниот ден, Делчев положил заклетва пред првенецот на организацијата, со што станал полноправен член на МРО.

Со револуционерните предиспозиции Гоце Делчев се вклучил во македонското револуционерно поприште. Тој бил заангажиран во Ново Село како учител во училиштето, а воедно се оддал на револуционерната дејност. Во оваа дејност била извршена распределба. Така Даме Груев го зел реонот на градот, а Гоце околните села. Со тоа Делчев се заангажирал во просветувањето на младината и во агитирањето на револуцијата. Тие дејности се преплетуавале и надополнувале. Преку учителската дејност Гоце Делчев просветувал, а наедно меѓу возрасните ширел револуционерна агитација, подготвувајќи ги кон револуционерно дело. 

Најголема грижа Гоце полагал во обезбедувањето на организацио-ната мрежа, во селата, околу Штип и во подалечната околина, и снабдување финансиски средства потребни за набавка на оружје. Во својата револуционерна дејност тој не останал само на источниот дел на Македонија, туку од пролетта 1895 зафатил да ја шири револуционерната идеја по другите делови на Македонија. Насекаде формирал револуционерни комитети и го сеел семето на револуцијата и на слободата. 

Во летото 1895, Делчев се упатил кон Бугарија да бара помош од македонската емиграција. Но тоа е година кога во Бугарија бил формиран Македонскиот Врховен Комитет, кој одиграл кобна и злосторничка улога во ослободителното дело на македонскиот народ. Но Гоце уште во првиот контакт ги согледал вистинските намери и цели на Врховниот Комитет. Во летото 1896 на Конгресот во Солун, Гоце Делчев и Ѓорче Петров добиле задача да го изработат Уставот и Правилникот на Организацијата. Овие документи биле изработени во 1896 година и нив ЦК ги прифатил. Воден од визијата за слободна Македонија, Делчев ја продолжил и понатаму работата врз градењето на револуционерна организација. За помалку од 3 (три) месеци тој успеал да ги организира сите села во Разлошко, Горноџумајско и Неврокопско. 

Организацијата била пространа низ цела Македонија. Додека тој ја организирал за тие две години, цела Источна и Приморска Македонија, другите револуционери, Ѓорче Петров, Пере Тошев и други, ја организрале Зпадна и Централна Македонија. Единствената задача што останала пред оваа организација, со која се зафаќа Гоце - била, да се вооружи организацијата.

Во втората половина на ноември 1896 година Гоце Делчев се префрлил во Бугарија и тука поактивно се ангажирал за правилно претставување на Македонското ослободително дело, за одбрана на македонската вистина и слобода. Во меѓувреме, согласно со актите на ТМОРО, ЦК во Солун сметале да назначат задграничен претставник на Организацијата. Централниот Комитет сметал дека Гоце Делчев претставува најпогодна личност за ваква должност и него го назначиле. Гоце Делчев побарал покрај него да се назначи уште еден претставник. На таа должност бил назначен Ѓорче Петров.

Главниот правец во дејствувањето на Задграничното претставништво, бил насочен кон тоа да се попречи секоја антимакедонска акција на големобугарските и врховистичките кругови во поглед на Македонија. 

Како задграничен претставник Гоце развил разновидна дејност. Во најголем дел тој се концентрирал во практичната дејност околу обезбедувањето, на материјални сретства, снабдувањето на организацијата со оружје, муниција и со револуционерна литература и весници за препраќање на револуционерните сили во земјата, обезбедување на погранични пунктови и грижа, околу состојбата на револуционерното дело по окрузи и реони во Македонија.

Гоце Делчев во текот на 1898, 1899, 1900 година па и натаму настојувал подобро да ја постави организацијата на револуционерните сили. 

Сета ова активност регистрирала еден растеж на ВМРО. Со тоа повеќе се омасовувало движењето, Организацијата станувала ,,држава во држава". Сето тоа претставувало опасност за османлиската власт која веќе од 1901 година, преземала акции од пошироки размери.

Постојаните прогони, што го преземала османлиското господство против револуционерните дејци, принудило многу членови од организцијата да преминат во илегалство. Така се зародила идејата да се формираат чети. Револуционерниот инстинкт му покажува на Гоце дека тоа е ново поле за работа. Тој се зафаќа со грижата да организира чети. Гоце Делчев бил признат за началник на сите чети во Македонија. Гоце ја издигнал паролата за самовооружување на народот и сметал дека е важно да се има оружје што го подига самочувството на народност и го приближува за конечна битка.




Гоце Делчев се залагаше за самостоен развој на Движењето и за организирање на македонските маси, без оглед на верата и националната припадност. Ослободувањето на Македонија го гледаше како нејзина внатрешна работа. "Ние не мислиме да правиме политика, ниту на други да им дозволиме да прават политика со Македонија. Нашата борба за нас тоа е живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме. Кога ќе се прави востание ќе реши народот" велеше тој. "Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која било друга сила, туку треба да се подготвиме од внатре - во душата на секој селанец да се проникне таа идеја".



РАЗИДУВАЊАТА ОКОЛУ ПРАШАЊЕТО ЗА КРЕВАЊЕ ВОСТАНИЕ


Во почетокот на 20 век до израз дошле активностите што ги презеле големите европски сили, преку реформи да ги решат проблемите со и во европскиот дел на Османлиската империја. Дополнителен проблем им била Македонската револуционерна организација (ВМРО) која тежнеела македонското прашање да го реши преку автономија на Македонија. Во тој период активноста на Македонската револуционерна организација го достигнала најголемиот подем принудувајќи ги Османлиската држава, Грција, Србија, Бугарија и големите европски сили да го сконцентрираат вниманието кон Македонија. Османлиската држава се наоѓала во голема економска и политичка криза, па затоа принудувајќи ја с# повеќе да отстапува пред барањата на силните европски држави. 

Ги отворала вратите пред странскиот капитал, за странските посматрачи, мисионери, конзули, амбасадори и други, чија должност била да ја набљудуваат состојбата во земјата и да даваат свои сугестии за решавање на напластените проблеми. Но, сепак сето тоа го правеле во интерес на сопствените држави.
Покрај големиот интерес за господарство над Балканот и пошироко, големите сили не се осмелувале да преземат самостојни акции. Промените во Македонија ги гледале преку реформи во кои би учествувале поголем дел од европските држави.

Согледувајќи ги опасностите што се наѕирале во Македонија, кон крајот на 1902 година, Русија и Австро-Унгарија целосно се посветиле на Балканот. Така во декември 1902 година министерот за надворешни работи на Русија, грофот Ламсдорф, ги посетил Софија, Белград и Виена. Тука ги изложиле предвидените руски реформи за мирно решавање на балканските проблеми. Русија дошла до сознание дека во Македонија ќе се кренело востание кое бугарската Влада ќе го поддржувала. Затоа грофот Ламсдорф ја предупредил бугарската Влада дека доколку дојде до предвиденото востание, Бугарија треба да остане настрана, со што ќе го избегне гневот на Османлиската империја. Во случај на бугарско-османлиска војна, Бугарија немала да добие руска воена помош. Но, вистинската цел на Бугарија била со востанието да се уништи револуционерната организација и идејата за самостојна Македонија.


ЗАДГРАНИЧНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО И НЕГОВИОТ СТАВ ЗА КРЕВАЊЕ НА СЕОПШТО ВОСТАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Во тој период во Софија се наоѓала дел од елитата на ВМРО која ги следела настаните поврзани со престојот на рускиот министер за надворешни работи, грофот Ламсдорф. Веднаш потоа како "гром од ведро небо" ги удри веста од Централниот Комитет на ВМРО, добиена преку окружното писмо од 6 јануари (24 декември 1902 год. стар стил, Бадник) 1903 година со кое се свикувал Конгрес на ВМРО за 15 јануари (2 јануари, стар стил) на кој требало да се разгледа и реши прашањето за кревање на сеопшто македонско востание.

За да се разгледа окружното писмо од ЦК, раководителите на Задграничното преставништво, Христо Матов и д-р Христо Татарџев, свикале состанок на истакнатите членови на Организацијата кои во тој момент се наоѓале во Софија. На состанокот, одржан во почетокот на јануари 1903 година, присуствувале: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, д-р Христо Татарџев, Борис Сарафов, Сава Михајлов, Михаил Ѓерџиков, Иван Хаџи Николов, Димитар Стефанов, Христо Силјанов, Славчо Ковачев, Кирил Прличев, Волчо Антонов, Никола Наумов и други.


ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ПРОТИВ ЗАКАЖАНОТО СЕОПШТО ВОСТАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА

На самиот почеток било прочитано окружното писмо, по кое се развивала дискусија. Имало две мислења. Едното, на чело со Христо Матов и Христо Татарчев, стоеле зад окружното писмо и се труделе да најдат аргументи за да ја образложат потребата за кревање востание. Второто, на чело со Гоце Делчев и Ѓорче Петров, било против секаква идеја за кревање востание. Гоце Делчев бил против востание, иако знаел дека "ситуацијата е затегната во целата земја-во Македонија". Тргнувал од тоа дека за успешно востание е потребна претходна подготовка како на внатрешен, така и на надворешен план. Внатре, ВМРО требала да го организира и вооружи населението во што поголем број, подеднакво во сите окрузи и реони и кое при првиот пораз нема да се расколеба. Надворешно, ВМРО требала да ја согледа општоевропската ситуација, односно односот на големите сили кон Османлиската држава и само при затегнати односи и војна помеѓу нив можело да се крене востание. Павел Шатев за востанието вели: "При тогашната општоевропска и општобалканска положба, освен што немаше да даде некои позитивни резултати (се мисли на востанието - н.з.), напротив, ќе ја растроеше уште повеќе ВМРО, без дури да се предизвика каква и да е интервенција од страна на големите сили." Знаел дека споменатава ВМРО ни делумно не го исполнувала условот за кревање востание. Тоа стана јасно по Илинденското востание, кога се виде дека окрузите не се подготвени, освен Битолскиот, но и тој не целосно и дека големите сили "не мрднаа ниту со прст" да помогнат, дури и работеле против востанието и Организацијата.

На состанокот, на сите присутни голем впечаток им оставил Пере Тошев, со неговото молчење и воздржаност. "Пере Тошев, запрашан да си го каже мислењето, молчеше. Тоа беше чудно....не се искажа, со извинение оти е нов дојден од затвор, дека не е добро осветлен за вистинската положба овде и внатре,...", вели Михаил Ѓерџиков во неговите "Спомени". 

На оние кои биле за востание, Гоце Делчев, Ѓорче Петров и други им предложиле "да се измени тактиката на дејствувањето на четите и терористичките елементи во градовите. Од пасивно, чисто подготвително држење, да се прејде кон една поголема активност, да се почне активно да се дејствува, кое што би се доближило веќе до востание, за да се подготвуваат и калат повеќе работници за вистинско востание." Терористичките акции да се преземале со знаење и согласност на Централниот и другите комитети. Такви акции да се преземале на места од витално значење на Империјата, но каде населението немало да се изложува на опасност, зашто "треба да се стават на искушение интересите на европските капитали во" Османската држава.




НЕЛЕГИТИМНОСТ НА СОЛУНСКИОТ КОНГРЕС


По неколкудневно состанување се донело решение дека се против заземениот став за кревање востание. При гласањето, само Христо Матов, Христо Татарчев и уште два-тројца биле за востание. По состанокот испратиле писмо до Солун со кое го известуваат ЦК за ставот на Задграничното претставништво.

Противвостаничкиот став на Задграничното претставништво, бил премолчен од страна на Иван Гарванов на Јануарскиот конгрес во Солун. Конгресот се одржал од 15 до 17 јануари (2-4 јануари, стар стил) 1903 година на кој присуствувале 17 делегати, меѓу кои немало ниту еден од "столбовите" на ВМРО. Со 16 "за" и еден "против", на 16 јануари (3 јануари, стар стил) било изгласано решение за кревање востание. Панде Кљашев вели: "Конгресот навистина се одржал во Солун, но тој не бил окружен, ниту општ македонско-одрински конгрес, каков што требало да биде, туку конгрес на неколкумина градски раководители и учители, слабо запознаени одблизу со состојбата на работите.", а пак Лазар Димитров оценува: "Конгресот по својот состав беше незаконски."

На Солунскиот јануарски конгрес, Гоце Делчев не присуствувал. Иако бил поканет, "не сакал да оди во Солун". Причините за неговото неодење треба да се бараат околу краткото време за подготвувањето на Конгресот (од окружното писмо до Конгресот), состојбата во ВМРО (односите со Гарванов) и моментната општобалканска и општоевропска ситуација.

Донесеното решение за кревање востание и состанокот што се одржал по тој повод, го вовлекле Делчев во длабоко размислување. Во таква состојба, со променлив израз на лицето, ќе ја напушти Софија. Покрај Делчев, голем број од лицата што присуствувале на состанокот, ќе ја напуштат бугарската престолнина и ќе се упатат кон Македонија.

ДЕЛЧЕВ ВО ОБИКОЛКА НА ОКРУЗИТЕ

На 19 јануари (6 јануари, стар стил) 1903 година, придружуван од чета со околу 40-тина души Гоце Делчев ја напуштил Софија. Во четата се наоѓале четници верни на неговите идеали. Меѓу нив биле Иван Атанасов-Грчето, Коце Мутафчиев, Станиш Накев, Христо Куслев, Димитар (Мито) Запрев, Тано Хаџиолов, Кара Васил и други. Да не заборавиме да го споменеме и неуморниот поет Пеју Крачолов Јаворов.
Истиот ден пристигнале во Самоков, последниот бугарски град на патот за Македонија. Станиш Накев велел дека по напуштањето на Самоков четата отишла во едно село каде добиле оружје. На секој долга манлихера. Самоков го напуштиле наредниот ден, а оружјето веројатно го добиле во Чамкорија каде Делчев извршил смотра на четниците. Меѓу четниците Делчев бил оној прославен војвода, облечен во "бело арнаутско фесче со наоколу завиткан црн шал ја покриваше не многу големата, обла глава. Сива шаечка блуза, сиви шаечки панталони-и опнати до колена ореови чакшири, во пристегнати опинци-ги оцртуваа правилните форми на фигура со среден раст. 

Облечен само во левиот ракав темносиво кепе, полунаметнато и со повлечена десна пола, придаваше особено дива убавина на целата горда става. Со кама, револвер и патрондаш на половината, со префрлена зад рамо светла манлихера, Гоце сличен на некакво ајдучко божество."
Ноќта меѓу 21-22 јануари (8-9 јануари, стар стил) поминале низ Самоков и пристигнале во Говедарица. Овде се задржале еден ден. Веќе на 23 јануари (10 јануари, стар стил) се наоѓале на пат кој ги водел кон границата-кон Македонија. Четата придружена од неколку коњи натоварени со динамит се движеле по рилските пазуви, следејќи ја линијата на замрзнатиот Бели Искар. Полека но без многу напор ја совладувале снежната нагорнина.

На 24 јануари (11 јануари, стар стил) се движеле по бугарско-османлиската (македонска) граница, гледајќи ја Македонија, а особено Разлошката котлина низ кој протечува историската река Места (античка Неста).



ДЕЛЧЕВ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ НА МАКЕДОНСКА ТЕРИТОРИЈА


Во раните утрински часови на 25 јануари (12 јануари, стар стил) 1903 година ја поминале границата. Тоа бил првиот ден на "турска земја". Ноќта пристигнале во Банско, првото населено место на пропатувањето низ Македонија. Во Банско се задржале четири дена. Деновите поминувале низ голем број средби. Делчев како раководител, душата на Организацијата, бил засипуван со голем број прашања на кои одговарал со задоволство. Секој негов збор извирал од длабочината на неговата душа. "Непресушен извор" за петвековната жед за слобода на македонскиот народ. На овие собири се дискутирало за дејноста на ВМРО. Посебно акцент се ставал на Разлошката организација која била од големо значење за ширењето и развивањето на револуционерното движење. Преку оваа организација се внесувал сиот потребен материјал, посебно оружје за Серскиот револуционерен округ и пошироко. За таа цел на 27 јануари (14 јануари, стар стил) се одржал собир на видни селани и раководители на селската организација. На собирот се анализирало македонското револуционерно ослободително дело, посматрано од сите агли. Се наметнувало и прашањето за кревање востание.

Во текот на многучасовното дискутирање се размениле безбројни мислења. Меѓу нив имало некои што се спротиставувале на линијата што била воспоставена на собирот. За едно од нив, од своите сеќавања н# известува Коце Мутафчиев, Гоцев соборец. Во сеќавање му останале зборовите на еден бански богаташ: "Кај можеме ние, еден грст народ, да се исправи и да се бори против огромната турска империја." Делчев ниту малку не го променил своето движење, без да се замисли, полека и уверено одговорил на сомневањето: "Ние нема засега уште да се исправиме гради со гради пред големиот и многуброен непријател, како пред некој воз. Но ние сме толку силни, иако сме помалубројни, да му развртиме повеќе бурми, та тој да се истури и падне." Од овде се гледа Гоцевата намисла која го следела уште од Софија, преку вооружени акции, минирање пруги, тунели, возови и друго, да се удри по непријателот по најчувствителното место. Такви диверзантски акции требало да се преземат што побрзо, со негово лично учество. "Ние со такви акции ќе го дигаме борбениот дух на народот, ќе ја кршиме силата на Отоманската империја и ќе го убедиме народот во можноста да води победоносна борба против многубројниот непријател." Борбата ќе се водела за целосно ослободување на Македонија, за слобода на македонскиот народ. "Слободата ни треба нам. Така како то ја владееме ноќта треба да го владееме и денот. И тоа ќе гопостигнеме или ќе изумреме!"

Во Банско останала една чета, "банска" под раководство на Јонко Вапцарчето. Преостанатите предводени од Делчев се упатиле кон Разлог. Иста им била намерата, да се сретнат со народот, да ја согледат големината на револционерниот дух, желбата за кревање на семакедонско востание, а особено подготвеноста за тој чин. Јаворов за првпат можел да го види Делчев како агитатор меѓу народот, со целата негова привлечност, способноста да ја прелевал силната светлина на својата душа кај слушателите. За Делчев Јаворов вели: "Така необичната љубов на тој необичен човек станува љубов и вера на целиот народ."

На 31 јануари (18 јануари, стар стил), Делчев одржал состанок со раководителите на Организацијата. При зајдисонце се приготвувале за на пат кој ќе ги одведе с# подлабоко во прекрасната, но поробена Македонија. Ноќта го напуштил Разлог, поминувајќи покрај Банско, се упатиле кон центарот на Серскиот револуционерен округ.

За време на неколкудневниот престој Делчев ја открил постоечката шпионска мрежа во Разлог.



ДОБИЕНА ВЕСТ ЗА ОДЛУКАТАЗА КРЕВАЊЕ НА ВОСТАНИЕТО


По тридневно патување пристигнале во селото Обидим во непосредна близина на реката Места. Денот го поминале во селските куќи. Најверојатно во Обидим или ден пред тоа го добиле соопштението за изгласаното решение на Солунскиот конгрес за кревање на востание во почетокот на месец мај. Соопштението го забрзало нивното одење кон пунктот на округот. Истата вечер го напуштиле Обидим. "патот виеше меѓу планинските грамади (на Пирин-К.С.) оддесно и реката (Места-К.С.) одлево", преку Кремен, Баничани, Либјахово и Ловча кон закажаниот состанок со серските раководители, во селото Каракој. Ноќта меѓу 9-10 февруари пристигнале во Каракој на тромеѓата меѓу Неврокопско, Серско и Демирхисарско. Во Каракој се очекувале да пристигнат повиканите војводи со нивните чети. Дента пристигнале Дедо Илија Крчовалијата со демирхисарската, Јане Сандански со мелничката, Георги Радев со срската, Иван Даскалов (Копаран-чауш) и Атанас Тешовалијата со неврокопската, Димитар Гуштеров со драмската и Христо Куслев со поројската чета. Меѓу пристигнатите да ги споменеме Ѓорѓи Баждарев, Таската Серски, Пејо Јаворов и други.


СРЕДБА СО ВОЈВОДИТЕ И СЕРСКИТЕ ОКРУЖНИ ЧЕТИ

Наредното утро на 11 февруари (29 јануари, стар стил) се одржал затворен состанок. Покрај Делчев на него учествувале и Сандански, Гуштанов и Јаворов. Состанокот се одржал со цел да се проанализира ситуацијата во која се наоѓала ВМРО, можноста и подготвеноста за сеопшто востание на македонскиот народ. Сандански бил незадоволен од Гоцевата активност против востанието и неколкугодишното неиспраќање на оружје во Серскиот округ. "Многу сте подраниле востание да правите!" Со иронија му рекол Јане на Гоцета. На ова Делчев останал без зборови, му одговорил: "Што да правиш, излегоа многу бегалци од Петричко и други места, и врховистите ќе ги употребат пак да се води борба со нив, а од друга страна и другарите барале востание... 

Затоа требало барем да се преземе терористичка акција". Јане бил против секакво востание, дури и против преземање терористички акции кои можеле да доведат до зголемени активности на османлиските власти изразена преку терор на населението. Сепак на крајот Јане ги прифатил Гоцевите предлози за преземање на диверзантски акции. Делчев требало да се ангажира тоа да се случи по можност што поскоро. Од тоа ќе се виделе ефектите, придобивките и последиците од новиот начин на водење борба.




БОРБА И ПРЕКУ ПИШАНИОТ ЗБОР


Попладнето состанокот се проширил со учество на преостанатите војводи и четници. Им било објаснето на кој начин да се продолжи со понатамошната работа на четите во услови спротивни на дотогашните. И на проширениот состанок (советување) се дискутирало за кревање т.е. некревање на сеопшто востание. Било одлучено да се почне со издавање на агитационен хектрографиран лист "Свобода или смрт", подготвуван од П. Јаворов. Советувањето продолжило и наредниот ден.

Во селото Каракој се задржале четири дена, на 13 февруари (31 јануари, стар стил) четите заминале кон пештерата Капе на планината Али-Ботуш, а поетот Јаворов со Мицо Кирилиев останале да го подготвуваат хектографскиот лист "Свобода или смрт".

Пред да пристигнат во Капе четите се задржале неколку дена во селата Крчово (селото на Дедо Илија Крчовалијата) и Крушово. По пристигнувањето на четата во Капе, на повик на Делчев пристигнал и Јаворов.

Тука ги продолжиле дискусиите, а се наметнала и нова тема за пристигнатото второ писмо од Солун со кое Централниот комитет барал до почетокот на месец мај да не се преземат никакви акции во Македонија. 

Избегнувајќи ги османлиските сили кои се движеле по селата, во Капе се вежбале четниците за ракување со експлозивни материи. Пред пештерата сите заедно се фотографирале. (Зачувана е фотографија.)

По завршувањето, четите се вратиле во своите реони: Сандански во Мелничко, Христо Куслев во Поројско, Георги Радев во Серско. Димитар Гуштанов во Драмско и други. Делчев од своите дванаесетина четни другари образувал "ревизорска чета". Заедно со демирхисарската чета на Дедо Илија Крчовалијата требало да го испитаат теренот по долината на реката Струма за да пронајдат погодно место за извршување на предвидените акции. По напуштањето на Капе денот го поминал со Јаворов во селото Крчево. Вечерта се упатил кон Струма за да го кренат во воздух железничкиот мост. Барајќи погодно место, четата се задржала подолго време во Демирхисарско, во селата Лахово, Голешево и Ловча. Големите обезбедувања покрај железничката линија, особено покрај мостовите ги пронудило да се откажат од намерата, а истата да ја спроведат во Драмската околија.



САНДАНСКИ ГО ПОДДРЖУВА ГОЦЕВИОТ СТАВ

Во почетокот на март кај "Понова-чука" над селото Крчево Гоце се состанал со Јаворов. Го разгледувале писмото добиено од Софија во кое се велело дека нивните софиски другари биле изненадени од одлуката на Солунскиот конгрес, но не можеле да не го прифатат, бидејќи биле доведени пред свршен чин. Гоце бил свесен за ситуацијата во која се наоѓало македонското револуционерно движење во очи на предвиденото востание. Токму затоа секоја противакција во Македонија би довело до големи последици и жртви. За Делчев останало секој да го реши прашањето за себеси. "Што се однесува до мене, јас нема да се спротивставам, но нема да исполнам и никакво конгресно решение. Кај што ќе останам да се борам - ќе се борам како востаник, како што знам: без непосредно учество на населението." Сакал лично да ги види нивните ставови. "Сепак ќе одам во Солун да ги чујам тие луѓе одблизу." Следниот ден го поминале заедно, а во приквечерината Јаворов го напуштил, преку Крчово се вратил во Крушево. Гоце останал уште два-три дена во козарската колиба при "Понова-Чука".

Од таму се приклучил на својата чета на пат кон Ангиста. Ноќите ги користеле за патување, а деновите за одмор во селата или во нивната близина. Така, на пат од Калопот кон Скрижево денот го поминале во селото Горница каде ги посетил еден Грк трговец, сакал со свои очи да види комитска чета. Во разговор со Гркот Делчев не ги штедел зборовите за поубедливо да му одговори на поставените прашања. На едно прашање му рекол: "Е добро, да се раздели Македонија нема да биде добро за народот, затоа еве еден пример: овие Бугари, коишто ќе останат во Србија, нели ќе се под ропство, овие Грци, коишто ќе останат под Бугарија, нели ќе бидат робови... Подобро ние, македонскиот народ, да си бидеме одделно, без разлика на Грци и Срби, и Бугари, да се гледа подеднакво кон сите...".



АТЕНТАТОТ КАЈ АНГИСТА


Вечерта на 27 март (14 март, стар стил) 1903 година Гоце со својата "ревизорска чета" заминал кон селото Скрижево каде останале три дена, а веќе на 30 март (17 март, стар стил) се наоѓале во долината на реката Ангиста. Цел ден ги проверувале можностите за рушење на железничкиот мост и тунел. Кога согледале дека без поголема тешкотија ќе ја завршат долгобараната акција се оддалечиле од местото и се оддале на поголем одмор. Се одмарале до приквечерината на наредниот ден. При зајдисонце на 31 март (18 март, стар стил) го поставиле експлозивот, ноќта мостот и тунелот на железничката линија се разурнати. Атентатот кај Ангиста предизвикал големи реакции, странските дипломати испраќале извештаи до своите влади, а странските весници на своите страници одвојувале простор за опишување на настаните при Ангиста. Османлиските сили ја зголемиле контролата на железничките линии особено кај мостовите и тунелите.

4) СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ СЕ УШТЕ ТАБУ-ТЕМА ЗА ИСТОРИОГРАФИЈАТА

Користејќи го писмото добиено од Делчев каде што накусо се опишани настаните кај Ангиста, Јаворов во весникот "Свобода или смрт" напишал: "Ангиста е првиот наш збор во тој правец; Ангиста е почетокот на судбоносниот крај за Турција којшто е во нашите раце. 
Затоа нека знае султанот, нека знае и целиот свет... Ангиста е дело на Тајната револуционерна организација!"
Веднаш по атентатот ја напуштиле Драмската околија и преку с. Дреново заминале кон селата по падините на Боздаг Планина, М'клен, Локус и Ореовец. 
Во селото Локус Делчев добил писмо до Лазар Димитров во кое се велело дека Даме Груев по сила на некаква амнестија (Февруарските "падарски" реформи) бил ослободен од малоазискиот затвор Подрум-Кале и се наоѓал во Солун, a оттаму се подготвувал да замине за Битолско.

Co писмо го известил Јаворов дека ќе заминел за Солун за да се сретне со Централниот комитет и со штотуку пуштениот затвореник, неговиот најсакан другар Даме Груев. Ќе се потрудел да го согледа општото прашање за востанието.
Од Лакос заминал за с. Ореовец, Гоце се разделил со своите четни другари коишто ќе заминат заедно со Дедо Илија Крчовалијата кон неговото родно Крчево. 
Во селото останал неколку дена. 
Потоа заминал за селото Дутли, се преоблекол во селски алишта, слегол во Серез, а оттаму се упатил кон Солун.
Пред Велигден "селанецот" пристигнал во Солун. 
За време на престојот водел безбројни разговори со членови или луѓе блиски до Организацијата на кои им била позната Одлуката за кревање востание.
Се сретнал со членовите на ЦК на ВМРО, Иван Гарванов и други. 
Разговарал и со "гемиџиите" за одлагање за извесен период на веќе подготвената "гемиџиска" акција. 

Сепак, со големо внимание пристапил кон средбата со скоро пуштениот од заробеништво, неговиот најсакан другар Даме Груев. 
Гоце се надевал дека со Даме, како многу влијателна личност во Организацијата, ќе најдел заеднички јазик и ќе успеат заедно да ги "уништат" одлуките донесени на Јануарскиот конгрес. 
Но, при средбата се случило спротивното. 
Гледајќи ја ситуацијата од "друг агол", "(членовите на ЦК- н.з.) ми ги објаснија мотивите за да се донесе такво решение." 
Посебно тргнувал од тоа дека "за востание се искажал и Чернопеев. Струмичкиот претставник бил за, Одринскиот - исто така. 
Луѓето (гурбетчиите) беа се вратиле веќе од Цариград дома во Македонија..." Груев се држел до решението и не отстапувал од него, "доцна беше да се размислува." 
Гоцевите аргументи се движеле околу неподготвеноста и слабата вооруженост на македонскиот народ, особено на оној што влегувал во составот на Серскиот револуционерен округ.



СРЕДБА CO СЕСТРА МУ ЕЛЕНА ДЕЛЧЕВА -НЕПОСРЕДНО ПРЕД ЗАГИНУВАЊЕТО

По неколкудневни разговори водени насамо, Делчев се успокоил. 
Се согласил и тој (Делчев) да се крене востание, но четничко-партизанско.
Во Солун Гоце се сретнал со личност нему многу мила, со сестра му Елена Делчева. Последна средба со некој од неговите најблиски.
Во текот на акцијата преземена од "гемиџиите", "Солунските атентати", Делчев се извлекол од Солун, патот го водел кон Али-ботуш (Неврокопско). 
На 6 мај (23 април, стар стил) 1903 година, Гурѓовден, во Ловча односно Ловченската корија требало да се одржи Ѓурѓовденскиот конгрес на Серскиот револуционерен округ. На пат за Ловче свратил во Дутли да се пресоблече, ги вратил селските алишта во кои ги поминал последните десетина дена, ја зел "горската" облека и верната "манлихера".
На 2 мај (19 април, стар стил) пристигнал во селото Баница
кое се наоѓа североисточно од Серез, на јужната страна на планината Шарлија. 
Според претходен договор во Баница требало да се сретне со четите на Ѓорѓи Бродалијата и на Димитар Гуштанов, со нив требало да замине кон источните падини на Али-ботуш. 
За заминување било предоцна. 
Селото било опколено од османлиската војска и жандармерија. 

Во претпладневните часови на 4 мај (21 април, стар стил, понеделеник) 1903 година со илјадна војска османлиските сили предводени од Тефиков, Гоцев другар од софиското Воено училиште, го започнале нападот. 
Во селото се наоѓале дваесет и еден "бунтовник". 
Покрај Делчев биле: Димо Хаџи Димов, Димитар Гуштанов, Ѓорѓи Бродалијата, Стефан Трлишанчето, Михаил Чаков,Димитар кашиналијата, Динката Календарлијата, Кољо "консулата", Атанас Севклијата, Георги Радев, Ѓеорѓи Савеклијата, Ефстатиј Арнаутчето, Коце Мутафчиев и други.
Во пладневните, првите часови по нападот што го извршиле османлиските сили, од еден ***шум бил смртоносно погоден Делчев. 
"Беше пронижен од непријателски ***шум..." , "легна, но на самото легнување еден ***шум го пронижа во левата града, и тој падна врз својата пу шка.", "се чуја истрели. Еден од тие истрели го погоди Делчева смртоносно. 
Тој в миг падна наземи помешечки со главата навалена кон левото рамо.", "Речиси цел ден и цела ноќ ние скршени го гледавме својот водач, легнат како жив, со главата наведната кон земјата. 
Тој небаре плачеше над својата судбина, над судбината на цела Македонија..." и "Петнаесет саати ние го гледавме мртвиот Гоце, приведнат, мислиш, над гробот на Македонија." (Димо Хаџи Димов)



СМРТТА НА ГОЦЕ CO УШТЕ ДЕСЕТ СОБОРЦИ

Во судирот кој траел триесет часа (почнал во десет часот на 4 мај - 21 април, стар стил - завршил во четиринаесет часот на 5 мај - 22 април, стар стил), загинале единаесет души, а еден од ранетите бил фатен. 
Од османлиската царска војска загинале пет, а осум биле ранети. 
Покрај Делчев, "Еден од челниците на Комитетот, проклетникот...", "...еден од прочуените...", челници "... којшто е од најголемите раководители и високо рангиран во Внатре шната организација...", се спомнуваат "... Стефан и Ротка од Бугарија, солунчанецот Даскал Костанов, дебарчанецот Атанас, Савјаклијата Јорги Стојан и Рондилијата Јорги", Евстатиј Арнаутчето, Кољо "Консулата", и други. 
При претресот што бил извршен по судирот, османлиските власти кај Делчев пронашле една карта на која бил прикажан серскиот реон и упатство за уривање на железничка пруга.
По судирот Тефиков сакал да го пренесе Гоцевото мртво тело во Серез како воен трофеј, за да се демобилизира населението коешто не можело да поверува во смртта на Делчев. Во намерата го спречила наредбата, телото да се остави и погребе во Баница.
Досегашната позната документација за убиството на Делчев не води кон потврдување на хипотезата за предавство. 
Тоа се гледа и од најновите турски документи: 
"Врз основа на тајно спроведената истрага од пред една седмица па наваму и примените известувања од назначените разузнавачи (шпиони) се дознало дека во серските села Раховица, Баница, Фраштан и М'клен и во нивна околина, дејствува една бунтовничка чета".



ИМАШЕ ЛИ ПРЕДАВСТВО?!

Co документацијата со која располагаме не сме во можност да одговориме на често поставуваните прашања: 
"Кој го извршил предавството?" и 
"Дали целта на предавството е Гоце Делчев или некој друг?" 
Тајната за овие прашања ги кријат некои од архивите во Турција, Бугарија, Русија, Франција итн.
Но нам не ни се потребни никакви документации за да кажеме дека на 4 мај (21 април, стар стил) 1903 година, понеделник, Македонија загуби триесет и едно годишен млад син, но преголем во борбата за ослободување на Македонија и македонскиот народ.




По 30 часовна битка убиен е Гоце Делчев, издаден од Грчки шпион....ова по повеке од еден век го обелоденува Вест повикувајки се на натпис на ЊуЈорк тајмс...натпис пронајден од македонската диаспора...






Наслов во Њу Јорк Тајмс од 26 мај 1903 година за убиството на Гоце Делчев и предавството од грчки шпион.

Смрт на македонскиот војвода



Дописникот на 'Тајмс' од Софија пренесува дека деталните извештаи за смртта на Делчев, познатиот македонски војвода, покажуваат оти тој бил со четата предводена од Војводата и Кирчовски заедно со поетот Таворов кога влегле во селото Баница во близина на Серез, а за неговото присуство Турците дознале откако го предал грчки шпион.



Голема војска го опколила селото и сите припадници на револуционерната чета биле убиени по долгиот отпор. Жителите на селото, кое Турците го запалиле, исто така биле убиени.



Делчев имаше 32 години. Тој беше даскал, и тој беше основач на Македонската организација којашто има разграноци низ целата држава.



Дописникот на "Тајмс" од Виена вели дека продолжуваат потрагата и апсењата во вилаетот Адријанопле. Приведени се голем број свештеници и даскали. Во шест села било најдено оружје. Машката популација е во бегство, а земјоделските работи се во прекин.




Со насловот "Смрт на македонскиот војвода" на 26 мај 1903 угледниот американски весник "Њујорк тајмс" пишува дека "грчки шпион го предал Делчев на Турците"

Во текстот стои: 
"Дописникот на 'Тајмс' од Софија пренесува дека деталните извештаи за смртта на Делчев, познатиот македонски војвода, покажуваат оти тој бил со четата предводена од Војводата и Кирчовски заедно со поетот Таворов кога влегле во селото Баница во близина на Серез, а за неговото присуство Турците дознале откако го предал грчки шпион.
Голема војска го опколила селото и сите припадници на револуционерната чета биле убиени по долгиот отпор. Жителите на селото, кое Турците го запалиле, исто така биле убиени.
Делчев имаше 32 години. Тој беше даскал, и тој беше основач на Македонската организација којашто има разграноци низ целата држава.
Дописникот на "Тајмс" од Виена вели дека продолжуваат потрагата и апсењата во вилаетот Адријанопле. Приведени се голем број свештеници и даскали. Во шест села било најдено оружје. Машката популација е во бегство, а земјоделските работи се во прекин."
Овој текст во "Њујорк тајмс" го открија членови на македонската дијаспора во САД, кои во архивите на весникот истражувале откако во вторникот "Вест" објави друг архивски текст од "Њујорк тајмс" од 31 март 1902, насловен "Грците ги предадоа Македонците". Во него пишува дека година и пол пред Илинденското востание Грците ги накодошле Македонците кај турските власти.
Најинтересно е што со овој текст се фрла нова светлина за убиството на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Имено, во историографијата е познат фактот дека тој е убиен затоа што е предаден. Но, и 105 години по смртта се уште не се знае кој го предал. 
Дека станува збор за предавство пишува и најблискиот соборец на Делчев, Ѓорче Петров, во неговата беседа за Гоце Делчев одржана во Софија во 1919, по повод 16-годишнината од неговата смрт, на комеморација што во софискиот Воен клуб ја организира македонската група студенти. За убиството на Делчев, Ѓорче пишува дека "предавство е во прашање, но не се дозна од каде". Оваа беседа на Ѓорче, инаку, беше за прв пат објавена во Македонија во 2003, по повод стогодишнината од Илинденското востание.
Во турските архиви постои преписката за акцијата на отоманската војска против четата на Гоце, и таа е објавена кај нас пред петнаесетина години. Според "Шифрирана телеграма од управата на Серскиот санџак од 21 април 1319 година (4 мај 1903)" - "Врз основа на тајно спроведената истрага од пред една седмица па наваму и примените известувања од назначените разузнавачи (шпиони), се дознало дека во серските села Раховица (Рахово, Орехово, село северно од Сер), Баница (денес Карие, село североисточно од Сер), Фраштан (село соседно на Баница), и М’клен (село североисточно од Сер) и во нивната околина, обиколува една бунтовничка чета." Понатаму во преписката, има и телеграма од 5 мај која вели дека меѓу убиените е и војводата Делчев, дека битката траела точно 30 часа, а дека четата броела 21 член или вкупно 50-60 души сосе селаните кои им се придружиле. Сосе Делчев загинале вкупно 11-мина од четата. 
Текстот од "Њујорк тајмс" дека грчки шпион го предал Гоце е сведоштво за континуираната активност на Грците против македонската борба за слобода . Фактот дека само осумдесетина години пред тоа и самите се бореле за слобода против таа иста Отоманска империја воопшто не ги спречил Грците да работат против Македонците, а со цел во иднина да го шират своето влијание во Македонија и по можност да ја освојат.



Трагите од предавството на Делчев уште постојат



Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење било смислено предавство за негова елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражување на овој настан



Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев не било сплет на околности, туку смислено предавство за негова физичка елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражувања на овој настан. Тој тврди дека постојат низа пишани документи што укажуваат дека ликвидацијата на Делчев на 4 мај 1903 година во село Баница, Серско, била инспирирана од Врховниот македонски комитет од Софија.

Во историографијата не е се' уште расчистено дали убиството на Делчев е резултат на добрата акција на силите на Османлиската држава или на предавството?

- Индициите дека е извршено предавство долго не можеа да добијат соодветна потврда, главно, поради недостигот од докази. Но, во бугарскиот Централен државен историски архив, најдовме неколку извештаи на Бугарското трговско агентство во Сер, кои укажуваат на континуираното дејствување на бугарскиот фактор и на експонентскиот Врховен македонски комитет во Софија за елиминација на Делчев. Македонска револуционерна организација под раководството на Делчев за само неколку години стана масовно национално-ослободително движење. Тоа не им одговараше на владејачките кругови во бугарското кнежевство. Било примено како директно загрозување на големобугарските претензии кон нашата земја. Токму тогашниот претседател на бугарската влада Константин Стоилов им упатил инструкција на бугарските трговски агенти во Османлиското Царство „да го знаат дејствувањето на таа Организација и да постигнат такво влијание за таа да не може да прави ништо што е спротивно со гледиштето на бугарската влада“. 


* Кој бил преломниот момент во планот за елиминацијата на Делчев?


Како што е познато, Делчев категорично се спротивставувал на кревањето на востанието во 1903 година. Сметал дека не се поволни околностите - од расположението на европските сили до степенот на вооружувањето на борците. И бил во право. Наспроти ова, бугарските врховистички елементи, кои имаа стратегија за инфилтрација во Организацијата, му даваат задача на Иван Гарванов, Бугарин од Стара Загора, што побргу да ја наметне одлуката за кревањето на востанието. Се очекувало османлиската војска најжестоко да се пресмета со македонските востаници. Со тоа, истовремено, би се убил секаков стремеж кај македонскиот народ за создавање самостојна македонска држава, а ослободувањето би се очекувало од бугарското кнежевство. Таквата одлука за кревањето на востанието била донесена на јануарскиот конгрес во Солун. 

Врховистите стравувале дека Делчев, со својот авторитет, може да издејствува да се поништи решението за востание напролет. Затоа било потребно физички да се елиминира. Не сакаленепосредно да се ангажираат во ликвидацијата за да немало негативни последици по врховизмот. Бил воспоставен систем на перманентно следење на Делчев од врховистичките елементи, дојавување на неговото престојувалиште во Баница и конечната пресметка.


* Може ли да се каже конкретно кој е предавникот?


- Тајната за предавството на Делчев и за директната вмешаност на бугарската влада и на кнежевскиот двор била разоткриена по само неколку месеци од задушувањето на Илинденското востание. Непосредни актери биле тогашниот министер Паприков и агентот Кулишев, кои непосредно влијаеле на Солунскиот конгрес да се донесе одлука за предвременото востание. Тоа било утврдено на Собранието на раководителите на МРО одржано во почетокот на 1904 година. Водечките личности на МРО се изјасниле дека Бугарија со својата политика била и останала главен виновник за трагедијата на македонскиот народ. Тогаш биле констатирани и основани индиции за непосредната вмешаност на инфилтрираните врховисти и за предавството на Делчев.

Раководствата на Серскиот и на Драмскиот револуционерен округ биле задолжени да преземат мерки за утврдувањето на предавството на Делчев. На терен биле упатени неколку вооружени чети, меѓу кои и четата на Георги Радев. Таа чета жестоко ги казнила тие за кои се утврдило дека го предале Делчев. Селаните од Баница Марин Георгакиев и Коста Маџаров биле застрелани, првиот на местото на загинувањето на Гоце Делчев, а другиот на неговиот гроб.Има и други верзии за тоа кој го извршил предавството. Британскиот конзул од Серес, Теодоридес, во извештајот напишал дека на 4 мај во близина на Баница бил уапсен учител врз чиј исказ било блокирано селото. Францускиот конзулски агент, пак, тврди дека предавството го извршил неидентификуван селанец.

Тоа го објавил и Пеју Јаворов, близок соработник на Делчев, кој ја дал и втората верзија според која предавството го направил „учител Андреј“. Даме Груев, пак, во своите спомени посочува дека предавникот бил некој благајник. Тврдењето на Ѓорче Петров за можно непосредно учество на Иван Гарванов во тоа останува недокажано. Бугарските историчари загинувањето на Делчев го претставуваат како сплет на несреќни околности. 


ТУКА ПОЧИВА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЛЕГЕНДАРНИОТ БОРЕЦ ЗА СВОБОДАТА НА МАКЕДОНИЈА 1903


 Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев


Херојската и трагична смрт на овој Mакедонски визионер, организатор и предводник на македонското национално ослободително движење се случила на 4 мај 1903 година во селото Баница.

По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе.

Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погребан.

Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.


МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНИ ГО ОПЛАКУВААТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката "Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија", ги презела Илинденската организација.
Тогаш саркофагот бил изложен во црквата "Света Недела" во Софија.
Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година.


КОНЕЧНО ДОМА


Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија преку Пиринскиот дел на Македонија кон Скопје.



Конечно на 10 октомври 1946 година престолнината на слободна и независна Македонија ги пречекала земните останки на големиот борец и апостол на слободата на македонскиот народ, Гоце Делчев.






Граѓаните на Скопје и околината достоинствено и со пиетет ги дочекале дрвениот саркофаг и поворката која ги придружувала моштите на великанот Гоце.
"Со положувањето на Гоцевите мошти во оние октомвриски денови во 1946 година, придружувани од тогаш нему достојните воени и граѓански почести, се оствари историскиот аманет на неговите соборци.
Тие мошти вечно да почиваат во престолнината на Македонија.
Од тогаш овој споменик стана македонско светилиште, место на поколение пред споменот на Гоце и на сите Гоцеви знајни и незнајни соборци и македонски страдалници.
Црквата 'Свети Спас' стана негов вечен дом, во кој Гоце заслужено почива, но таа е и храм на ширење на македонските не само духовни, културни, туку и револуционерни традиции", ќе запишат авторите на книгата.


Во светлата и долга македонска историја изложена на воени и културно-цивилизациски влијанија од Исток и од Запад вткаени се животите на многу генерации и на многу дејци од културни и од научни центри, а надареноста на поединци да одржуваат чекор со времето, се одрази врз цивилизациските придобивки на сопствената земја и на светот општо.

Силното чувство на македонскиот патриотизам и свеста за посебноста на македонскиот национален идентитет беше најзначаен влог на револуционерите со особена надареност во поновата македонска историја, кои и покрај јавната верификација на нивните жртви и дела, останаа да ја делат судбината на својот неослободен народ.
Еден од плејадата на никогаш незаборавените македонски револуционери и вечни патоводители на македонскиот народ е големиот Гоце Делчев.



Мисли на Гоце Делчев од кои можеме и ден денес да извлечеме и научиме јасна лекција: 

„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите."


„Ќе удри утринската зора и за нас..."



„Труд и постојанство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива."



„Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата - тоа е првиот услов за нашиот успех!"



„Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија“.



„Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух".



„Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население."



„Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; - или ќе водиме говеда на касапница."



„Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце".



„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.



„Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците.“



"Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот".



"...Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа..."



"Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?"



„Македонија има свои интереси и своја политика, таа им припаѓа на сите Македонци; оној што сака да jа присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин или добар Грк, но не е добар Македонец. Таков Бугарин или Грк поддржува и вечниот конфликт меѓу балканските народи, кои требва да живеат во братска дружба, за да бидат посреќни. Македониjа им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религии, нации и jазици, во утрешна слободна Македониjа и преку неjа ќе се здружат сите балкански народи.“



- Мисла на Гоце Делчев;
- Запишана во романот "Илинден" на Димитар Талев


Види и


Помошни линкови