Showing posts with label Странски печат. Show all posts
Showing posts with label Странски печат. Show all posts

Jan 16, 2013

САД и македонскиот тутун (Њу Јорк Тајмс 8 октомври 1917)

Вест на Њу Јорк Тајмс за македонскиот тутун, за неговата важност, цена, квалитет. 
Потврда за долгогодишното искористување на македонските ресурси.



Feb 23, 2012

Macedonian hotel


Хотел Macedonian се наоѓа во  Сити Ајленд кој порано бил дел од градот Пелхам. Во 1890тите Њу Јорк Сити се присоединил со поголемиот дел од градот Пелхам вклучувајќи го и Сити Ајленд.  За време на подолг временски период во 19тиот век голем дел од населението на градот Пелхам живеело во Сити Ајленд. 

слика од хотелот

Долго време сопственик на хотелот бил еден од луѓето кои живееле таму, Џејкоб Смит. Наводно, делови од хотелот биле изградени од остатоци од англискиот брод  Macedonian (Macedonia). Комодор Стефан Декатур (капетан во тоа време) го освоил бродот за време на војната во 1812 по што и е познат. 

Џејкоб Смит  Германско - Американски државјанин на Сити Ајленд, градски реон на Бронкс, каде бил обожуван и познат како спасувач на стариот брод Македонија "Macedonia"  кој постанал локален историски интерес со големо значење.

Џејкоб Смит со семејството


Во хотелот кој сега е ресторан во денешниот Сити Ајленд) има плаката со посвета на која пишува:
 „Хотелот остаток од англискиот брод "Macedonian” освоен на 25ти Октомври 1812, недела од страна на капетанот на фрегатата на Сооединетите Држави "Сооединети Држави", Стефан Декатур, У.С.Н. Борбата се одвиваше во Лат. 24степени северно, во должина 29 степени и 30 секунди западно, околу 600 милји северозападно од пелерината на островите Верде во близина на западниот брег на Африка и продолжи во Ковбеј во 1874. “
 
Оваа легенда привлекла многу љубопитни посетители од далеку и блиску до малиот хотел на Сити Ајленд. Сепак испаднало дека дел од информациите не се точни. Градбата содржи материјал кој не потекнува од остатоците на “Macedonian”  освоен за време на војната во 1812.  Градбата е изградена од дел од остатоците на друг брод исто така наречен "Macedonian" кој бил лансиран во Госпорт во Вирџинија во 1836, преизграден во Бруклин во 1852 и уништен во 1874 во Кав Беј, Лонг Ајленд. 

За бродовите со име Македонија повеќе на овој линк 

Извори:

Mar 31, 2011

Да се убие кнезот Фердинанд (Њу Јорк Тајмс 14 Август 1906)

Њу Јорк Тајмс известува за намерата на Јане Сандански да го убие бугарскиот кнез Фердинанд. 
Странскиот печат пишува дека МАКЕДОНСКИОТ ВОДАЧ Јане Сандански кој бил дел од групата која ја киднапирала Мис Стон се наоѓа во близина на вилата на Фердинанд која е силно чувана и дека кнезот ретко ја напуштал.


Mar 8, 2011

Mass meeting of Macedonians (16 February 1903)


Њу Јорк Тајмс известува за масовен собир на Македонци во Софија против акцијата на владата за растурање на македонските комитети во Бугарија. Исто така и за налогот за апсење на Сарафов и останатите уапсени македонски лидери.



(клик на сликата за оригинална големина)

Jan 24, 2011

Германски офицер во Македонија (Њу Јорк Тајмс 1904 година)

Њу Јорк Тајмс известува за испраќањето на германски oофицер во Македонија како претставник во реорганизираната жандермерија 31 Јануари 1904 година.


Jan 18, 2011

Њу Јорк Тајмс известува за убиството на македонскиот лидер Јане Сандански



Њу Јорк Тајмс известува за убиството на македонскиот лидер Јане Сандански или како што тие љубеле да кажат лидер на ајдуците, киднаперот на Мис Стон. 
Многу битно е што странскиот печат го забележал како Македонец и македонски лидер што е уште еден аргумент повеќе наспроти соседските пропагандни фалсификати кои сакаат да го прикажат како нивен.






Благодарност до мојот пријател блогер и форумџија  Eddie Rebel за написов исто така и за неговиот труд да пронајде уште стотина вакви написи. 
Еден од неговите блогови го има додадено на самиот напис а тоа е Macedonian Documents. 


Jul 6, 2010

Македонците во London Times (The Times)

The Times Saturday, Sep 22, 1900



The Times Saturday, Apr 06, 1895


 The Times Monday, Nov 04


The Times Thursday, Dec 07, 1922



 The Times Tuesday, Apr 17


 The Times Wednesday, May 09



 The Times Wednesday, Mar 05, 1924



The Times Thursday, Apr 14, 1927



The Times Saturday, Oct 13


The Times Friday, Apr 08, 1904





Jun 26, 2010

New York Evening Post за ВМРО (Внатрешна Македонска Револуционерна Организација) 1904





      Тие веруваат дека надвор од Балканскиот Полуостров, Организацијата е некој вид на тајно друштво на полуполитички бандити, сојуз на револуционери. Тоа, сепак, е ниту еднo од двете.
Раководното тело на Mакедонската Oрганизација е ништо друго освен на сенатот* на тајна република која е востановена во внатрешноста на Турската Империја и избрана од страна на народот во текот етапни национанални, но тајни избори.
      Во срцето на администрацијата која веќе е во распаѓање, како и турската, таму почнува да се јавува почетокот на совршена форма на политичка организација, перфектна во нејзините гранки на слободен народ на една република. Во Турската империја постои Македонската полиција, Македонските судови, Македонски милиција. Македонски училишта и весници и Македонска пошта, - сето тоа постои, и покрај големите напори на турската Влада да ги уништи.
     Востанијата создадоа потреба од таква организација на т.н. градски совети или комисии кои ќе изберат нивни претставници ќе се приклучат кон други претставници од другите градови, така што тие ќе можат да работат заедно. Скоро целата земја да биде опфатена. Тогаш поблиските градови да формираат региони и да изберат делегат, кој ќе се среќава со делегати од другите региони низ Македонија. Избраните регионални сенатори го претставуваат народот како што Конгресот го претставува Американскиот народ. Соодветно на тоа, нема да биде претерување да се каже дека во Македонија има две различни администрации.

* сенат - раководно тело