Jul 9, 2010

Радован Павловски - Трета стража



Тука се како и пролетта
и оние добрите од народот дојдени
што живеат
живот на коња и на крилја.
Ни се привсенија сите времиња,
царства и пушкарници
та сега во таа испомешана слика на народот,
врвицата само ти ја знаеш
а јас сум крај тебе на стража
и мојот дух на будноста
се искачува по нагорнина
и на нишан зема
секоја измислена небиднина
а останува на исто место
твојата ѕвезда Тебе татко сега
ништо не те збунува
тебе на одење
мене во последно видување:
ни мирисот на јагличицата,
ни покривката снег.
Пепел се истура
по филџани и ѕвезди.

No comments:

Post a Comment