Jul 9, 2010

Радован Павловски - Четврта стража


Чудни денови без тебе.
Дрвото би сакал како на птица
да ми биде дом.
Лисјето што издржуваат жега и невреме
тоа се твоите зборови, твоето семе.
Чудни денови без тебе-нежност
струи, писалката на ветрот
по мапата на моите скитања
бележи песни. Преостанува
да те побарам
по ѕвезди и џебови.
Часовникот е каменот
на едно друго време.
Имаш облик во сонот,
преодни часови
и некој чуден ден, голем сон
кога сакам да молчам
а сè да ти речам.
Никогаш толку блиску до тебе.
Никогаш толку далеку од тебе.
Чудни денови без тебе.
Цел живот на Стража со тебе.

No comments:

Post a Comment