Хотел Macedonian се наоѓа во Сити Ајленд кој
порано бил дел од градот Пелхам. Во 1890тите Њу Јорк Сити се присоединил со
поголемиот дел од градот Пелхам вклучувајќи го и Сити Ајленд. За
време на подолг временски период во 19тиот век голем дел од населението на
градот Пелхам живеело во Сити Ајленд.
слика од хотелот
Долго време сопственик на хотелот бил еден од луѓето
кои живееле таму, Џејкоб Смит. Наводно, делови од хотелот биле изградени од
остатоци од англискиот брод Macedonian (Macedonia). Комодор Стефан Декатур (капетан во тоа време) го
освоил бродот за време на војната во 1812 по што и е познат.
Џејкоб Смит Германско - Американски државјанин на Сити Ајленд, градски
реон на Бронкс, каде бил обожуван и познат како спасувач на стариот брод
Македонија "Macedonia" кој постанал локален историски интерес
со големо значење.
Џејкоб Смит со семејството
Во хотелот кој сега е ресторан во денешниот Сити
Ајленд) има плаката со посвета на која пишува:
„Хотелот
остаток од англискиот брод "Macedonian” освоен на 25ти Октомври 1812, недела од
страна на капетанот на фрегатата на Сооединетите Држави "Сооединети
Држави", Стефан Декатур, У.С.Н. Борбата се одвиваше во Лат. 24степени
северно, во должина 29 степени и 30 секунди западно, околу 600 милји северозападно
од пелерината на островите Верде во близина на западниот брег на Африка и
продолжи во Ковбеј во 1874. “
Оваа легенда привлекла многу љубопитни посетители од
далеку и блиску до малиот хотел на Сити Ајленд. Сепак испаднало дека дел од
информациите не се точни. Градбата содржи материјал кој не потекнува од
остатоците на “Macedonian” освоен
за време на војната во 1812. Градбата е изградена од дел од
остатоците на друг брод исто така наречен "Macedonian" кој бил
лансиран во Госпорт во Вирџинија во 1836, преизграден во Бруклин во 1852 и
уништен во 1874 во Кав Беј, Лонг Ајленд.
No comments:
Post a Comment