Dec 26, 2010

Вилијам Гледстон за македонското прашање



Тврдината Хаварден, Честер,
19 јануари 1897 година.


Драги Господине,
Безнадежноста на турската управа ќе ме натера да станам со задоволство сведок на нејзинотот истерување од земјите што ги потчинила: и тоа без да се знаат изворите што се готови да го подржат бунтот. Јас лично не се осмелувам да преземам на себе одговорност за каква било негова поддршка. 
Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојните држави за присвојување на туѓи територии. А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите? Иако се тие сите мали и слаби, иако се тие сите мали и слаби нека се остават да се поврзат меѓусебно за одбрана, така што не ќе можат да бидат голтнати од другите, било големи или мали, кое веројатно ќе дојде како последица од нивните меѓусебни караници. 

Ваш многу искрен,
В.Е. Гледстон


The Times (London), 6.II.1897, r.
12. 




No comments:

Post a Comment