Dec 26, 2010

Апел на „Македонските Комитети“ од Њујорк и Филаделфија (Септември 1903 год.)



Плач од Македонија

Она што Павле го виде во духот, визијата на човекот од Македонија, кој го повикуваше него да му помогне на неговата земја, ние сега тоа го имаме пред нас. Од болките и од сиромаштијата резултираше востанието во Македонија, тоа беше крајност. Четириесет илјади Македонци беа принудени да ја преминат границата за во Бугарија. По извесно време во Македонија останаа бездомници, нивните добици и посеви се уништени, упропастени од гладот и студот. Секој еден од блиските сакаше да помогне во состојбата што ги надвладеа во оваа несреќна земја во последните две години и повеќе. Активната агитација на македонските револуционери крена на востание дел од македонскиот народ. Турските власти се обидоа да ја задушат револуцијата со крајна жестокост на надмоќните сили. За правата и неправдите на Македонците ние сега не сме заинтересирани, но ние не можеме да не бидеме заинтересирани да им помогнеме на тие човечки суштества и сродни христијани, на невините жени и деца, што гинат по стотици и ќе гинат на илјади, најсвирепо, ако не е христијанска Европа и христијанска Америка да ги спаси.


Комитет во Њујорк.
Комитет во Филаделфија.
G.N. Chakaloff and S.J. Shoomkoff. The Macedonian Problem.
Philadelphia 1904, p. 108-109

No comments:

Post a Comment