И сега насекаде
за мене се говори како за Бога
Детството остави трага на птица
и потем кон небесата се вивна
и со крвавата месечина на племето се венча.
Кој да ги собере брановите,
кој да им се спротистави на молњите на умот?
Во градината се населија
моите години-критици.
Студената папрат крие жесток оган,
ладниот извор бистрина на умот.
Без пород не прифаќај распетие.
Радоста ми престојува во ѕвезда,
Песната во пекол,
земјата ми е бескуќна.
Бистрото море
дури и сега е матно во окото на морнарот
Душата ми одмора во ветер,
мислата се сели во народот.
Има во мене патишта
со сонцето што испреплетуваат.
Невозможно е да се биде сам.
Сега бегството е во мислите -
молњите доцнат.
Тука е и провидението:
Дозволи срцето да шари на болот.
No comments:
Post a Comment