Излезена од бисерот на школка
Морска ѕвезда осветлува пловидба
Станав тело на својата мисла
Пат меѓу ѕвезди првпат
Испревен во времето ќе останам
И ако ме побараат полегнатите
Во сонот лек да најдат
Тогаш некое заборавено време
Ќе проговори
И еден заборавен народ
По заборавени патишта
Ќе се крене
И ќе ги побара своите траги
А ако не ги најде
Во птица ќе се престори
И ќе ги опее
А ако сонцето го снема
Во длабока земја ќе слезат
И ќе го откопаат сонцето
Ѕвездата само во ѕвезда
Ќе ја најдат.
No comments:
Post a Comment