Jun 26, 2010

New York Evening Post за ВМРО (Внатрешна Македонска Револуционерна Организација) 1904





      Тие веруваат дека надвор од Балканскиот Полуостров, Организацијата е некој вид на тајно друштво на полуполитички бандити, сојуз на револуционери. Тоа, сепак, е ниту еднo од двете.
Раководното тело на Mакедонската Oрганизација е ништо друго освен на сенатот* на тајна република која е востановена во внатрешноста на Турската Империја и избрана од страна на народот во текот етапни национанални, но тајни избори.
      Во срцето на администрацијата која веќе е во распаѓање, како и турската, таму почнува да се јавува почетокот на совршена форма на политичка организација, перфектна во нејзините гранки на слободен народ на една република. Во Турската империја постои Македонската полиција, Македонските судови, Македонски милиција. Македонски училишта и весници и Македонска пошта, - сето тоа постои, и покрај големите напори на турската Влада да ги уништи.
     Востанијата создадоа потреба од таква организација на т.н. градски совети или комисии кои ќе изберат нивни претставници ќе се приклучат кон други претставници од другите градови, така што тие ќе можат да работат заедно. Скоро целата земја да биде опфатена. Тогаш поблиските градови да формираат региони и да изберат делегат, кој ќе се среќава со делегати од другите региони низ Македонија. Избраните регионални сенатори го претставуваат народот како што Конгресот го претставува Американскиот народ. Соодветно на тоа, нема да биде претерување да се каже дека во Македонија има две различни администрации.

* сенат - раководно тело

No comments:

Post a Comment