Не се сеќавам точно, но мислам дека некаде до крајот на педесетите години од минатиот век во македонската химна беше и Никола Карев. Во неа беа Гоце, Даме, Сандански и тој. Подоцна ја слушав химната и се прашував зошто и по чија наредба е избришано неговото име. Сакав да дознаам што се случило во тие седум-осум години по ослободувањето, за чичко ми Никола Карев да биде избришан дури и од химната. Еден ден отидов кај Димче Аџимитрески, кој беше декан на Вишата економска школа и беше близок со власта.
Кога му кажав дека сум внук од брат на Никола, ме покани да седнам, ме понуди со кафе и ми кажа како тргнала работата околу бришењето на Карев од химната: ’Во 1953 година, на педесетгодишнината од илинденското востание, Лазо Колишевски не собра во владата мене, Злате Билјановски, Страхил Гигов и уште неколкумина. Се отвори дискусија околу значењето на Илинден, и тогаш некој од присутните, ми се чини Страхил Гигов, предложи Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев и другите да ги прогласиме за Бугари. Тоа го образложи со загриженоста дека ако наводно се продолжи со практиката тие да бидат споменувани како досега и за нив да се пеат толку многу песни, ќе станат поголеми и од нас’, ми рече тогаш Аџимитрески.- вели седумдесет и седум годишниот Мише Карев, внук на Никола Карев од братот Ѓорѓи.
оригиналната верзија од 1941ва
Одново сега знамето се вее, (Од гроб станаа славните ѕидари)
на Крушовската република!
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
а ваква е сега
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
No comments:
Post a Comment