Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, Штип, во семејството на свештеникот Александар Поп-Орушев. Таткото на Тодор Александров, Александар Поп-Орушев, бил учител во Радовиш, просветител и богато надарен човек, црковен пејач, поет, собирач на народни умотворби и соработник на Гоце Делчев. Како ученик во Педагошката гимназија во Скопје во 1897 година, Тодор Александров се вклучува во Македонската револуционерна организација каде што останува се до својата смрт на 30 август 1924 година.
Револуционерната дејност на Тодор Александров опфаќа три периода: првиот период од 1897 до 1911, вториот од 1911 до 1918 и третиот - од 1918 до 1924 година.
Во 1910 година, младотурците сакаат да го затворат Александров и нудат 4.000 турски лири за неговата глава, како што своевремено Турците давале златни лири за главата на македонските револуционери Гоце Делчев и Даме Груев.
Во Балканските војни Александров учествувал во одбраната на Кукуш, го брани градот на апостолот Гоце Делчев, но, за жал, не може да го спречи силниот и суров напад на грчката војска.
Тодор Александров соработува со Павел Шатев кој во своите спомени ќе забележи: "Тој ми остави впечаток на многу разумен, трезвен ум и подготвен за сите жртви пред олтарот на ослободителното дело“.
Поетот Пеју Јаворов, љубител на македонското револуционерно движење воодушевен од храброста на македонските комити, пред својата смрт му се обрати на Тодор Александров со проштално писмо, со желба да биде погребан во македонска комитска облека, а не во бугарска. Желбата му е исполнета и тој е погребан на 14 октомври 1914 година.
Марија Коева, ќерка на Тодор Александров, тврди: "Навистина, мојот татко се откажа од потписот на Мајскиот манифест, бидејќи не сакаше ВМРО да се болшевизира и да биде партија, туку да си остане татковинска патриотска организација се додека Македонија не стане држава“.
Содржината на Мајскиот манифест, навистина, е составена токму по налог на Тодор Александров, меѓутоа, објавениот Мајски манифест не е соодветен со оригиналот, што е причина Тодор Александров да се откаже од потписот. При објавувањето на Мајскиот манифест се присутни нечесни игри, кои се уште не се обработени во нашата историја.
Содржината на Мајскиот манифест, навистина, е составена токму по налог на Тодор Александров, меѓутоа, објавениот Мајски манифест не е соодветен со оригиналот, што е причина Тодор Александров да се откаже од потписот. При објавувањето на Мајскиот манифест се присутни нечесни игри, кои се уште не се обработени во нашата историја.
Ванчо Панзов од Свети Николе, синот на телохранителот, тврди дека прво е убиен татко му Панзо, а потоа Тодор Александров. „Роден сум посмртче во Свети Николе, а српските власти шест месеци не им дозволиле на мојата мајка да ме крсти, само затоа што татко ми бил телохранител на Тодор Александров. Мојот татко не е бугарски агент, ниту бугарски полицаец, а ако бил тоа, тогаш целото семејство ќе го префрлеше во Софија, како што обично го прават тоа шпионите.“
Панче Коцев Иванов од с. Врсаково, Штипско, вели дека Тодор Александров имал привидение. Кога на грб го пренесував преку реката Брегалница ми го кажа следното: "Ќе дојде ден Македонија ќе биде држава, но јас нема да дочекам“.
Во 1918 година, Тодор Александров ќе ја обнови Македонската револуционерна организација, кога сите сметаа дека Македонското прашање е погребано. Тодор Александров се појавува на хоризонтот и со игла започна да копа извор, нагласувајќи дека македонското прашање не е бугарско, туку македонско државно прашање. Во времето кога Александров влегувал и дејствувал во Вардарска Македонија, кралска Југославија ангажирала 35.000 војници, жандари, граничари, четници, жандарски станици и гранични пунктови. Од вкупно 17.000 жандари што ги имало во Југославија, 12.000 биле распоредени во Македонија. Во таква околности Александров влегува во Вардарска Македонија како човек од теренот, во кого се крие скромен лик на човек кого го јадат вошките по македонските села, хранејќи се со црниот леб на сиромашниот селанец. По македонските планини, каде што се неговите "канцеларии“, прима странски дипломати и новинари и дава интервјуа. Води преговори за Македонија во Лондон, Рим во Виена. Дипломатите во Лодон се изненадени од неговите солидни познавања на состојбите на Балканот, кога "наведува дека насилството на Балканот ќе создаде насилство и во Европа“. За Александров се испеани повеќе народни песни, па затоа не е логично еден револуционер, кој е опеан од народниот гениј, да се прикаже како предавник.
Во 1918 година, Тодор Александров ќе ја обнови Македонската револуционерна организација, кога сите сметаа дека Македонското прашање е погребано. Тодор Александров се појавува на хоризонтот и со игла започна да копа извор, нагласувајќи дека македонското прашање не е бугарско, туку македонско државно прашање. Во времето кога Александров влегувал и дејствувал во Вардарска Македонија, кралска Југославија ангажирала 35.000 војници, жандари, граничари, четници, жандарски станици и гранични пунктови. Од вкупно 17.000 жандари што ги имало во Југославија, 12.000 биле распоредени во Македонија. Во таква околности Александров влегува во Вардарска Македонија како човек од теренот, во кого се крие скромен лик на човек кого го јадат вошките по македонските села, хранејќи се со црниот леб на сиромашниот селанец. По македонските планини, каде што се неговите "канцеларии“, прима странски дипломати и новинари и дава интервјуа. Води преговори за Македонија во Лондон, Рим во Виена. Дипломатите во Лодон се изненадени од неговите солидни познавања на состојбите на Балканот, кога "наведува дека насилството на Балканот ќе создаде насилство и во Европа“. За Александров се испеани повеќе народни песни, па затоа не е логично еден револуционер, кој е опеан од народниот гениј, да се прикаже како предавник.
Кога е убиен Тодор Александров, најмногу се радувале Бугарите и Србите. Бугарите велеле: "Мртов, но употреблив“, Македонците, пак, велеле Македонија умре, а од странските дописници ќе биде забележан како македонски Робин Худ.
Една многу интересна работа која не е позната многу во Македонската историја а е забранета во Бугарската историја,имено по неколку годишното исчекување на Тодор Александров да Бугарскиот цар го исполни своето ветување кое го дава на Македонските револуционери за време на 1 светска војна и да прогласи автономна Македонија која под покровителство на големите сили би се обединила со вардарскиот и егејскиот дел Тодор Александров го праќа последниот ултиматум до владатa и Бугарскиот цар за негово делување и исполнување на договорот.
Александров ставил на готовс Македонски комити кои на повикот „Слобода или Смрт“ да го дадат својот живот за Војводата Александров. Четите требале да се соберат на едно место за да тргнат на конечна битка за автономна Македонија.
Александров го завземал Ќустендил, настан за кој пишувал и The Times во чија статија пишува за окупацијата на Ќустендил од страна на Автономистите на Александров.
По некое време бил надброен и се сложил на преговори во кои очекувал дека ќе се преговара на Автономија на Македонија. Но не долго по оваа акција Тодор Александров е убиен под сеуште неразјаснети околности, но се поочигледно е дека е предаден.
Една многу интересна работа која не е позната многу во Македонската историја а е забранета во Бугарската историја,имено по неколку годишното исчекување на Тодор Александров да Бугарскиот цар го исполни своето ветување кое го дава на Македонските револуционери за време на 1 светска војна и да прогласи автономна Македонија која под покровителство на големите сили би се обединила со вардарскиот и егејскиот дел Тодор Александров го праќа последниот ултиматум до владатa и Бугарскиот цар за негово делување и исполнување на договорот.
Александров ставил на готовс Македонски комити кои на повикот „Слобода или Смрт“ да го дадат својот живот за Војводата Александров. Четите требале да се соберат на едно место за да тргнат на конечна битка за автономна Македонија.
Александров го завземал Ќустендил, настан за кој пишувал и The Times во чија статија пишува за окупацијата на Ќустендил од страна на Автономистите на Александров.
По некое време бил надброен и се сложил на преговори во кои очекувал дека ќе се преговара на Автономија на Македонија. Но не долго по оваа акција Тодор Александров е убиен под сеуште неразјаснети околности, но се поочигледно е дека е предаден.
Според некои извори постоело и писмо од Александров до тогашниот министер за одбрана на Бугарија кое гласи од прилика вака:
Вие,вашата влада и вашиот цар ветивте
дека по Букурешт ке се заложите за
неправедното распарчување на
Македонија,ветивте дека ке направите се
што е во вашата моќ Македонија да биде
Обединета и Независна држава.Вашето
ветување и вашите лаги денес завршуваат,
Македонските комити и ВМРО јасно увидоа
дека се излажани и кренаа глас против
вашата окупаторска политика,Ќустендил ке
биде под наша воена управа се до
остварување на нашата цел.
Написот во The Times
Извадоци од документи
Извадок од документ потпишан од Александров:
Еден друг документ пак, од 30 декември 1923 година наречен „Проект за спогодба меѓу ВМРО и Русоката Советска Република“ вели:
„ВМРО која ги претставува Македонците што се борат за национално самоопределување, политичка слобода, самоуправа и најголема можна социјална правда, има цел: ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА, распарчена меѓу Бугарија, Грција и Србија во 1913 година со Букурешкиот договор за мир и со Нејскиот во 1919 година - ВО ЕДИНСТВЕНА ПОЛИТИЧКА ЕДИНКА која потоа ќе биде рамноправен член на една балканска федерација или барем во својата прва етапа од една Југословенска федерација.“ потпишал Тодор Александров.
"...Хаџидимов, анархистот Герџиков, шмекерот-врзвул Ѓорче и ... санданистите зборуваат и агитираат дека треба да се бара автономија за Македонија зошто таа е посебна економска и географска единица со посебен македонски народ, со своја многувековна историја ... и некои од нив се закануваат: 'ако по чудо цела Македонија биде дадена на Бугарија, ние ќе се бориме со оружје в рака за да не дозволиме да дојде до тоа обединување'. ..."
("Tодор Александров: Сe за Maкедониja", Скопje 2005, стр. 452).
Појавата на Тодор Александров во македонското револуционерно движење најпластично ја забележал великанот на организацијата, Даме Груев. Во навечерието на неговото последно заминување за Македонија, во декемрви 1906 година, тој му се исповедал на еден негов соборец:
А, за искажаните епитети на негова адреса, при што го споредувале со Даме Груев, Тодор Александров во едно писмо до Иван Михајлов, од 26 јули 1924 година, го предупредил дека со тоа се нанесувало штета не само на ВМРО, туку и на него лично. Во писмото, тој тоа го образложил пошироко
„Македонија навистина има дадено големи великани, но што сме ние во споредба со нив?! Кога ги читам спомените на Коцето за Даме Груев и си помислувам што би бил тој денес, да беше жив и да го имаше искуството на 30-годишна борба, со силниот пргав ум, со својата голема активност и смелост, со своите ораторски и организаторски таленти, со својата железна волја и со силната енергија и со префинетиот психолошки усет?!...Пред еден великан како што е Груев, јас ја чувствувам својата ништожност, стојам мирно и се поклонувам пред неговиот спомен и се срамам од изнасилените преувеличени проценки за мојата досегашна дејност, особено за некои мои големи способности и квалитети, какви што, всушност, не поседувам. Човек со просечен ум, но со донекаде силна волја и со навика да се посветам и да извршувам најсовесно и до крај едно славно дело, во чија исправност и корисност сум се убедил, јас можев со надчовечки напори да сторам нешто за воздигање на македонското име, поради недостиг на дејци подготвени за тешките услови на борба. Но, колку многу ми недостига за местото што го завземам, јас најмногу сфаќам и чувствувам. “
Тодор Александров за себе и за многубројните епитети што доаѓале од сите страни како за најголем човек на Македонија и на ВМРО, во едно писмо до неговиот пријател, П.Стаматов од 20 јуни 1924 година, ќе напише:
„Македонија во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со стравопочит. Македонија и сега создава големи по душа и неповторливи маченици и херои, подготвени за самопожртвување, пред споменот или ликот на кои им симнуваме капа. Јас лично, со своите слаби сили и способности, не сум направил ништо повеќе од совесно исполнување на долгот кон распарчената и поробена борбена татковина - Македонија. Функцијата, инаку, ми помогна да работам во моментот со капитал, создаден од сите творци на македонската епопеја и да го претставувам идеализмот, моралната сила и цврстината на борбена Македонија. Драгоцените квалитети и дарби на Македонија се залог за сигурноста и брзо извојување на Независноста на Македонија, а не способностите на малкумината водачи. “
Својот однос и почит кон великаните на Македонската револуционерна организација Тодор Александров ќе го искаже и при прибирањето и сочувањето на коските на Гоце Делчев. Во таа пригода е и неговото писмо до Михалил Чаков од 2 август 1923 година, во кое му пишува:
„Пријатен долг ми е да ви искажам голема благодарност од името на другарите борци за Независноста на Македонија и од мое име за патриотската идеја да ги најдете и приберете светите коски на нашиот претходник и голем учител - Гоце Делчев, еден од основачите на ВМРО и за вашата грижа да го погребите како светиња во вашиот дом, со што заслуживте признание на денешната борбена и утрешна Независна Македонија. “
Своите слабости и доблести Тодор Александорв најпластично ќе ги изложи во преписката со својот колега во ЦК на ВМРО, Александар Протогеров. така, во едно писмо од 20 Август 1924 година, тој ќе напише:
„Не негирам дека имам недостатоци - ти немаш ли слични? - ниту дека сум правел грешки - кој е безгрешен?...Фактот што од 25 години сум лице со власт во една идејна Организација, а од 1912-13 година го завземам едно од најугледните места во нејзината управа, и особено фактот, што на два пати - 1909-1910 и во 1919-1920 во очајот што ги имаше опфатено скоро сите македонски средини и фактори,јас лично со помош на добри другари ја воозбновив и преуредив ВМРО, која многумина ја сметаа за умрена, непостоечка, е најсилен доказ дека воо мене постои другарско чувство и тоа многу посилно, отколку што мнозина мислат. “
Во едно друго писмо до истиот Протогеров, од 14 август 1924 година, својата патриотска дејност и долг кон татковината, Александров му ја изложил во неколку реченици:
„Јас не сум сторил ништо повеќе од свесно исполнување на својот долг; не за некаква слава - што јас со години ја поднесувам со најтежок и ризичен живот...Како заклучок ќе ти кажам: Како и досега, така и во иднина, во сите свои дејствија сум се раководел и ќе се раководам само од интересите на ВМРО.“
Во писмото од 24 јули 1924 година до Александар Протогеров, во врска со нивните меѓусебни недоразбирања, Тодор Александров му напишал:
отстранува од исполнувањето на задолженијата или коешто ја забавува работата. “
Секогаш подготвен за зачувување на единството во организацијата, Тодор Александров во едно писмо, без датум, до Наум Томалевски, член на Задграничното претставништво на ВМРО, задолжен за одржување на врските со странските дипломатски претставници, известувајќи го за дејноста на "разбојниците федералисти" и како се губело време во залудни борби, загрижено му напишал:
„Жално е што нашиот народ толку лесно се дели, се оддава на разврат и се оддава на крајности што се погубни за него. Историјата се повторува, но длабоко верувам дека ќе се најдат родољупци да го запрат одењето надолу, за да се насочиме сите нагоре и напред“
Исто така, Тодор Александров во новогодишните честитки и верски празници до своите соборци, речиси секогаш им посакувал "бодрост и здравје за идна корисна дејност и долг живот", за да се радуваат "на слободна, независна Македонија"
(од писмото, без датум, до Александар Протогеров)
и желби за ''најбрзо реализирање на народниот идеал - Независна Македонија"
(од писмото до Александар Василев, под псевдоним Героги Атанасов, од 1 јануари 1923 година).
А, на раководните органи на ВМРО, честитајќи им ја новата 1924 година, Тодор Александров во окружното писмо на ЦК на ВМРО им посакал:
„А, новата година ние ја дочекуваме со цврста верба дека таа ќе донесе посветла иднина за Македонија и за светот. Упатувајќи ги нашите честитки од името на Централниот комитет на ВМРО до сите членови на организацијата во Македонија, како и на нејзините симпатизери надвор од границите на Македонија, ние посакуваме високосната година, која што сега започнува да биде среќна година, очекувана со толку нетрпение не само од борбена Македонија, туку, исто така и од сите угнетени и обесправени луѓе на земјата. Да живее независна Македонија! Да живее самоопределувањето на народите, братството меѓу нив и долготрајниот и справедлив мир во светот. Искрени честитки. Член на ЦК на ВМРО, Тодор Александров“
А, на раководните органи на ВМРО, честитајќи им ја новата 1924 година, Тодор Александров во окружното писмо на ЦК на ВМРО им посакал:
„А, новата година ние ја дочекуваме со цврста верба дека таа ќе донесе посветла иднина за Македонија и за светот. Упатувајќи ги нашите честитки од името на Централниот комитет на ВМРО до сите членови на организацијата во Македонија, како и на нејзините симпатизери надвор од границите на Македонија, ние посакуваме високосната година, која што сега започнува да биде среќна година, очекувана со толку нетрпение не само од борбена Македонија, туку, исто така и од сите угнетени и обесправени луѓе на земјата. Да живее независна Македонија! Да живее самоопределувањето на народите, братството меѓу нив и долготрајниот и справедлив мир во светот. Искрени честитки. Член на ЦК на ВМРО, Тодор Александров“
За Александров напишаа
Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде Ќе стаса Тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајки ги во шепт зборовите: “Тодор ќе минува оттука.“
(генерал Томсон во весник Тајмс, Лондон 1923 год.)
Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово факање
(Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз)
Тој нема да го остави оружјето се дотогаш, додека Македонија не добие слобода. Неговата верба Ќе издржи пред било што. Стари жени, деца, сите работат за ослободителното дело, сите се еднакво предадени на делото и умеат да ги чуват тајните што им се доверени. За комитите на Тодор Александров животот не значи ништо, кога се работи да се посвети за тоа свето дело, за слободата.
(Коментар на публицистот Лонг во унгарскиот Весник, Еко Де Данјуб”, 06.01.1024 год.)
Јас си замислував да сретнам еден страшен управувач, фанатичен и екзалтиран. Но, пред мене стоеше сосема поинаков човек. Слаб, доста висок, бледо лице, правилен профил, со прошарена брада, живи очи, понекогаш умислени, но постојано нежни. Тодор Александров, кој е на 42 години зборува спокојно, слатко, без гестови дури и за најважните прашања, за татковината и за себе. Неговото спокојство и ладнокрвноста предизвикуваат задоволство. И покрај тоа што тој човек е душата на Македонската револиција, има една железна волја, а неговиот решителен дух не престанува да ги восхитува оние кои го опкружуваат”.
(Публицист Пол Ерно, Весник Журнал”, Париз, 1924 год.)
Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наога Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој неможе да Ви одговори. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што Ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров, а тој независно од големите опасности го продолжува своето дело како АПОСТОЛ. Денес тој е највлијателниот ме”у сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни одговори: Ни најмалку. Јас знам ни рече Тој се што се случува на 20 километри од околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 год., тоа е нашето барање пред Европа. За Србите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да не уништат, или да ја признаат нашата независност”.
(Париски Журнал, септември 1923 год.)
Тодор Александров припаѓаше кон оние ретки, но целосно исполнети мажи со сопствена мисија, кој не живееше свој живот, а го живееше животот на својот народ. Непретенциозен, скромен, но притоа со нескршлива енергија и разум, секогаш имајќи ја пред очите големата цел. Се уште го гледам тој редок човек, макар што поминаа 10 години откако го сретнав и зборував со него за прв и последен пат. Освен Лав Толстој никој друг не ми остави таков неизбришлив впечаток, како Тодор Александров.
(Од Спомените на професор Ханс Јубербергер)
Колку голема била љубовта на Тодор Александров кон својата татковина, за да може да го победи како очајот, така и тешката болест на неговите ослабени гради и да вдахне вера кај цел еден народ, да го исправи одново на нозе подготвен за борба? Каква голема човечка особина и каква железна енергија е потребна да го поведеш одново еден осакатен народ по толку преживеани катастрофи. Факт е дека Тодор Александров во тој однос е единствениот историски пример. Дури сега го разбираме смисолот на искажаните зборови од странец кој вели дека не познава помаркантни личности на векот од Лав Толстој и Тодор Александров. Секој еден од тие титани беше единствен не само во своите татковини туку и во светот. А такви луге во историјата не се повторуваат. Ете зашто е толку голема тагата за великиот Тодор Александров. Ете зашто цел народ со стравопочит и благослов го шепоти името на “СТАРИОТ” на верниот свој водач. А за младите: ја преобразува тагата што ги стега во срцата, во волја и енергија за предана служба кон народот.
(Т.Александров во издание на македонската Студентска корпорација Скопје,1943)
Судбината ни определи уште една од најтешките жртви, која ги раскина срцата на сите прогонети Македонци и ја потопи во јад нашата намачена страна (Македонија). Злокобната вест за тоа грозоморно дело што го прекина животот на најдостојниот и најголемиот син на револуционерна Македонија, ја порази со својата одвратност целокупната македонска емиграција во Америка, која што е растреперена, восхитена од великото дело на ВМРО и благовее пред подвизите на нејзиниот прв водач и татко, Тодор Александров.Тој железен човек го обединуваше во себеси целокупното величие на македонскиот дух Историјата на неговиот живот е и историја на револуционерното движење Потомците Ќе им ги запишат имињата на оние (на убијците) со презир на нови ЈУДИ и нови Херостратовци затоа што тој е најсаканиот наш брат, татко и другар носител на народниот маченички крст и на светиот стремеж за самозачувување и поради тоа и сите оние од Европа и од другите страни, а кои се восхитуваат од големото во човекот, за слободата на народите Ќе ги симнат шапките (пред делото на тој покојник). Тодор Александров ја носеше татковината во срцето, во крвта и во целото тело. Александров Ќе биде спокоен и во гробот, бидејќи тој не беше и не е самСветиот блесок на неговиот подвиг Ќе го озорува патот на илјадниците следбеници се дотогаш додека не се извојува слободата на нашата несреЌна борбена татковина
Поклон пред големината на светоста на АЛЕКСАНДРОВОТО ДЕЛО.
(ЦК на Македонските политички организации, Индијанополис 24-ти септември 1924 год.)
Со своите високи квалитети, и покрај физичките страдања поради болест, која не простува, Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, која во една самостојна држава Ќе ги вклучи деловите кои сега припагаат на Југославија, Грција и Б’лгарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска спогодба.
Грчката и српската политика по тој начин го принудија Тодор Александров и Македонската организација да започнат една енергична борба. Во еден период од три-четири години македонскиот шеф ги сплоти околу себе сите малцинства, незадоволни од режимот установен во Македонија после мировниот договор
(Весникот Трибун де Женев од 24.09.1924 год.)
Сакам да кажам дека Тодор Александров, независно од неговата активност, која секогаш не беше на линијата на прогресот, имаше големо влијание врз масите. Веројатно поради односот што го имал со луѓето, поради аскетскиот живот што го водел, како што се зборуваше и поради други работи. Но, мора да се има предвид и еден друг момент. А тоа е дека тој, сепак, се оформил како револуционер во Македонската револуционерна организација, која во основа имала за цел ослободување на Македонија.
(Михајло Апостолски - Сеќавања, стр. 42)
„И денес, кога нашироко ни се достапни светските архиви, кога повеќе од една деценија се отворени фондовите на Македонската револуционерна организација и нејзините лидери, идеолози и раководители, се уште нашите историчари доследно опстојуваат на наследените тези и сознанија и препознатливи тафтологии за Тодор Александров. Таквите станаа и академици, но не го научија основниот метод на историската наука,а тоа е да ги употребуваат документите од прва рака, односно што пишувал и што мислел Тодор Александров во своите писма и во окружните писма на ЦК на ВМРО за себе, за политичката програма на ВМРО, за проблемите на решавањето на политичките прашања и сл.
Ним, на тие квази историчари, се уште им се примарни документите од втора рака, или поточно оние на неговите идејни противници, што пишувале или изјавувале за неговата личност и поведение.“
(3. Тодорвски, "Дело", 12 март 2004, стр. 36-40)
Семејство на Александров на неговиот погреб со парола „преку голгота кон независна Македонија“
Интервју на Лондонскиот „The Times“ со Тодор Александров 4 Јануари 1924
Закон на Разбојник
(од нашиот специјален дописник)
Рајко Даскалов, кој со Стамболиски водеше жестока кампања против Македонската Револуционерна Организација, беше убиен минатото лето во Прага, каде што претходно бил Бугарски Министер. Неговиот убиец, Николов, после беше осуден, ослободен и одново притворен. Тој одново беше притворен врз основа дека бил агент на Тодор Александров, водачот на Револуционерите. Оваа серија на случаи го поттикна интересот за активностите на Македонците.
Сегашниот водач на Револуционерите е Тодор Александров, кого само што го посетив. Какви и да се мислењата за праведноста или неправедноста на каузата што тој ја брани и начините што ги употребува, тој и неговата организација одредуваат една интересна студија. Доживотно верен на вероисповедот “Македонија на Македонците” и Комита, Александров го презеде во 1919 година водството на револуционерното движење. Претходно живееше во Софија, ама беше апсен и затворен од Стамболиски. Со посредство на неговите пријатели избега од затвор и премина во Македонија, каде сеуште живее живот што треба да се види па да се поверува. Одлучувајќи се да организира револуционерно движење против Србите и Грците, кои со Мировниот Договор го добија поголемиот дел од Македонија, Александров го реорганизира стариот Македонски Комитет што постоеше во Турското, во 1893. Во исполнувањето на оваа задача тој нужно постана “разбојник” и цена од над 2000 долари беше ставена на неговата глава од Српските власти.
Тој живее номадски живот, посветен на создавањето на автономна Македонија. Секогаш пешки и секогаш по ноќе, Александров патува низ Македонија, но без влегување во големите градови како Солун или Битола. Преку зима живее во некое скромно селско куќарче а во летниот период спие надвор. Денски “мирува”, никогаш не останувајќи повекје од два или три дена во исто место. Пратен е од мала група верни другари. Главната преокупација на оваа група е да не влезат во судар со српските или грчките власти, но да ги посетуваат и да ги набљудуваат разните комитети кои во последниве три години имаат изникнато во скоро секое гратче и село.
Роден Борец
На поканата да го посетам Александров, признавам дека најпрво помислив за мојата лична безбедност. Во минатото Македонија има добиено репутација за бандитство и беззаконитост за којашто Револуционерната Организација можеби изгледала наклонета да ја развива. Но точно спротивното е во случајов. Со моторно возило, коњ и пешки преминав неколку стотини километри преку дива и планинска земја. Насекаде напредно селско население кажуваше дека кражбата и криминалот се нешта од минатото. Сепак сезоната и условите за патување ме натераа да здивнам воздишка на олеснување кога едно замаглено утро курирот, кој за време на целото патување беше апсолутно рамнодушен, шепотна “Сега ќе го видите Старио”.
Роден Борец
На поканата да го посетам Александров, признавам дека најпрво помислив за мојата лична безбедност. Во минатото Македонија има добиено репутација за бандитство и беззаконитост за којашто Револуционерната Организација можеби изгледала наклонета да ја развива. Но точно спротивното е во случајов. Со моторно возило, коњ и пешки преминав неколку стотини километри преку дива и планинска земја. Насекаде напредно селско население кажуваше дека кражбата и криминалот се нешта од минатото. Сепак сезоната и условите за патување ме натераа да здивнам воздишка на олеснување кога едно замаглено утро курирот, кој за време на целото патување беше апсолутно рамнодушен, шепотна “Сега ќе го видите Старио”.
Минута покасно го сретнав Александров - висок, јако граден 42-ве годишен маж, облечен во темно кафеава униформа, со белези на Организацијата. Со цврсти очи и усни, кои во разговор можат да бидат весели, но во одмор се многу строги, полна воена опрема, која што ретко ја вади од себе, пушка потпрена на ѕидот и Александров почна да ми раскажува зошто вака го живее неговиот живот. Тој има само една идеја, а тоа е евентуалната прокламација на автономна Македонија, со свој главен град Солун. Тој изјавува дека народот нема да одобри да биде владеан од Србите, Грците, Бугарите и затоа што првите две држави одбиле да му дадат на народот слобода во говорот или религијата, само вооружена борба ќе им донесе на Македонците тоа што посакуваат. Во врска со неговото располагање со муниција и луѓе, тој рече дека пошто целта на Македонците не е да одземат територија, туку да им го направат животот на властите невозможлив, повремени напади се нивниот начин на борба. Така не им била потребна било каква артилерија. Пешадиски би ја воделе борбата & ако планински коњи можи да се употребат по потреба. Тие беа добро снабдени со пушки бомби и амуниција, пошто последните неколку војни доведоа до наоружување на секој селанин.
Оружје и војска
Во врска со јачината на неговите сили, Александров вели дека само во Македонија можи да мобилизира 150,000 луѓе. Но нагласи дека голем дел од овие луѓе сега биле цивили и дека само неколку илјади Комити сега биле во воена состојба. Тој не спомна за Македонци надвор од границите, но се очекува во случај на востание повеќе илјади кои сега живеат во Бугарија ќе се приклучат на неговите бои. Запрашан за можната дата за револуција, одговори дека состојбите не биле доволно згодни. Со ова подразбирам дека Организацијата сеуште ги нема направено сите подготовки. Освен ова разбрав дека поголеми резерви на оружје и муниција ќе биле собрани. Александров продолжи да раскажува дека тој се надева Хрватите, Словенците и Црногорците евентуално ќе ги отфрлат законските со незаконски начини против Србија, можеби тогаш ќе има заедничко востание.
На прашањето дали компромис не е можен меѓу Организацијата и властите, тој одговори дека многу Срби сега населени во Македонија видоа дека сегашната ситуација е крајно неподнослива, но партијата на Пашиќ, главниот државник во Србија, изгледала непопустлива во нејзиното посакување да ја поништи Македонија. Но, тој објасни, “Турција проба да не поништи во безбројни години, ама не успеа и е важно да се запамти дека тогаш значителното турско население беше против Револуционерната Организација. Сега Турците се со нас и јас безпрекорно ви кажувам дека сме посилни од кога и да било претходно.” Александров призна дека има односи со Турција, но лесно се гледа дека не става многу доверба во надворешна помош. Неговото е Македонско движење, кое тој се надева да го здружи со другите народи кои сега се дел од Триуналното Кралство. Истовремено тој искажа волја од Организацијата да се покори на било која независна испитувачка мисија за ситуацијата во Македонија, од Големите Сили, Лигата на Нациите или група од независни журналисти. Додатно рече, ако не се успее да се добие автономија, Организацијата ќе го добредојде ставањето на Македонија под покровителство на Голема Сила, првенствено Англија.
За односите на Организацијата со Бугарија, се радуваше на падот на Стамболиски и неговите пратеници, кои, со цел да створат Федералистичко Македонско движење, беа првата Бугарска влада што отворено жестоко се спротистави на аспирациите на Македонскиот народ. Ги опиша Македонските Федералисти како група од две или три стотини луѓе платени од Србија, кои немаат влијание или важност. Нагласи дека македонското движење во никој случај не е упрвувано од Софија и категорично одби дека бил во Бугарија или да учествувал во Јунскиот “цоуп д’Етат”.
Зборувајќи за смртта на Стамболиски, ја одби идејата дека неговата Организација е одговорна за неа, но додаде дека е можно неговата смрт била извршена од еден или повеќе Македонци кои имале жалби против него. Од друга страна, призна дека убиството на Даскалов, кого го опиша како демагог на демагозите, било работа на Организацијата. Во врска со ова ми покажа протестно писмо што Организацијата го адресирала до Чехославачката влада околу новото апсење на Николов, убиецот. Александров смета дека штом Николов бил еднаш ослободен од Чешкиот Правен Суд, немало случај против него, но бидејќи Српскиот печат завзел толку непријателски и претечки став, така што Чесите “нашле” причини за неговиот повторен притвор.
Закон и Морали
Александров после се обрна на начинот со кој неговата Организација е одржувана и нејзините односи со цивилното население. Никој од неговите војници се платени. Наоружани се и облечени од Организацијата, а населението им дава бесплатно храна и престој. Народот плаќа прогресивен данок на заработка, кој е наменет само за купување на оружје и облека. На луѓето им е од полза да ја подржуваат Организацијата, бидејќи, како што Александров нагласи, “мнозинството од посиромашното население потполно не ја познава борбата за слобода, но сите знаат каде лежат нивните интереси”. Бидејќи Организацијата им носи големи придобивки. Има свои законски служби, на кои, така Александров кажува, луѓето им се жалат наместо на Српските или Грчките законски судови. Има и многу строг закон за моралноста на своето членство и иморалност во акција или говор е тешко казнета.
Освен репресирањето на сите врсти криминал, Организацијата направи реформи кои водат кон воопшто подобрување на животот. Има земено интерес во семејниот живот и го има прекинато системот со кој машките ги одбираа девојките кои им се допаѓаа, после земајќи ги за сопруги. Сега секоја девојка е слободна да си одбери сопруг кого го сака. Односите меѓу вработувачот и вработениот се наблудувани од Организацијата и пред извесно време важно прашање во тутунската индустрија беше регулирано. Во еден регион беше откриено дека откупувачите им плаќале на производителите70 лева за килограм, кадешто вистинската цена била 120 лева. Организацијата интервенира и им запрети на откупувачите, резултирајќи во поволна откупна цена и обештетените селани постанаа нејзините верни партизани.
Поседувањето на земја е исто така средено. Ако поседувачот посака да ја продаде својата земја, Организцијата инсистира на нејзината поделба меѓу селаните што работаат на неа, со номинална цена. Овие примери од активностите на Организацијата докажуваат дека убиствата и планирањето на револуции не и го одземаат целосно времето. Заснована на демократски принципи, Организацијата не зависи само од подршката на селаните. Побогатите класи го ценат нејзиното постоење, бидејќи претходно тешко се осмелуваа да патуваат, толкав беше ризикот да сретнат наоружани бандити. Сега ова е средено, и Александров наведува дека, со, како што изгледа е со голема доза на праведност, “Организацијата е населението, а населението Организацијата”.
Смртната казна
Толку многу се има кажано за силата на Организацијата да отстрани било која личност или личности кои се непријатели на нејзините стремежи, така што беше со голем интерес кога го читав листот на тие што беа осудени на смрт. Неколку веќе беа и убиени и Александров ме убедуваше дека редот и на другите сигурно ќе им дојде. Начинот употребен е ист како и
во другите тајни општества. На човекот со должноста за извршување на убиството му е дадено одредено време за да ја заврши задачата. Ако не успее, тој самиот ќе биде убиен. Смртната казна обично следува после најмалку едно писмо со предупред, но во посебни случаи е извршена веднаш. Македонците по природа се таенствени, резултат од макотрпниот живот што го проживеале, но сепак е необично што никогаш не промашуваат да ја извршат својата одмазда. Можеби нивниот успех е во исклучителната форма на идеализмот кој го поттикнува членството на Организацијата. Секој поединец има задача и потпишувањето на смртна казна од Тодор Александров е сигналот за целата машинерија да проработи. Наредби, дури и најобичните, секогаш се предаваат преку рака. Редовен синџир на курири се протега преку Македонија денес. Бев сведок на делувањето на еден синџир и видов колку е прекрасно ефикасен. Секој курир има свој терен и пошто е од регионот низ кој патува, сите дупки му се познати. Понекогаш смртната казна, како во случајот со Даскалов, треба да се изврши во странство. Тогаш неофицијалните претставници кои Организацијата ги има во Софија, Цариград, Будимпешта и други Европски градови, се повикуваат да ја одиграат својата улога. Организацијата е фактички огромен октопод кој ги има разгрането своите краци преку повеќето од Југо-источна Европа. Стремежот на Александров е да еден ден таа има официјално акредитирани претставници во секоја европска држава. Сепак, дури и денес постои фактор во Револуционерната Организација кој ни голема ни мала Европска Сила можи да го запостави.
Зимскиот ден наидуваше при крај и дојде време да го напуштам Александров. Вечера од кокошка и ориз и да се полее, чај од липа, ни беа ставени пред нас. Александров јаде малу и набрзо ја фати својата омилена поза, седејќи со скрстени нозе, со главата навалена назад, очите полузатворени и рацете истегнати напред кон огнот. Мрачна суровост наидува на неговото лице и да се види таков е да се однеси со себе незаборавлив впечаток од извонреден човек. Целата посета изгледаше како сон. Можно ли беше да таква Организација постои во дваесеттиот век? Набрзо бев вратен кон вистината со самото излегување од куќата. Паѓаше снег и комитска група беше построена за смотра. Нејзиниот водач се одликувал во недамнешен судир против властите и Александров во кус говор го награди со Орден за Заслуга. Комитите, сите млади мажи, шест стапала и повеќе високи, го поздравија својот водач и после тивко си заминаа во строј. Неколку минути покасно напуштив со мојот не малку значителен телохранител. Александров ме испрати и истовремено тргна на 20-километарски пат до друго селце да го продолжи својот проповед “Македонија на Македонците”.