Jun 30, 2010

Анте Поповски - Македонија

    
Еве ја таа проста земја
од дволичен камен
и сонце
Децата уште незаодени каде откопуваат
лобањи по градините
Еве ја таа проста земја
од пајажина
и од води
Мудро слободата кај што ги запишува
селските имиња
Место икони по црквите
И каде летото како судбина
Трае до последниот востанат
Еве ја таа проста земја
од заморено дишење
и од молк
Низ која времето одминува
и пак се враќа
Со неа да го сподели лажното траење.
О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
А никој не ја знае.

1 comment:

  1. Браво, ист вкус имаме за poetry :)

    Инаку тоа "проста" ако некого го буни додека чита, значењето не му е како што најчесто во секојдневниот говор го кориристиме те како синоним за нешто глупаво или како придавка од простак :) туку во смислата на библиското: "блажени се простите по дух", нешто што не е искомплицирано без потреба, едноставно ко круг, а со самото тоа и совршено.

    Имаше една од Раде Силјан исто со силна порака за денешните случувања, ама не ми текнува како се викаше, ак случајно ја знаеш добро ќе е да ја објавиш :)

    ReplyDelete