Никола Јанакиев Карев (Крушево, 23 ноември 1877 - Рајчани, Кочанско, 27 април 1905) е истакнат македонски социјалист и револуционер. Учесник во Илинденското востание и раководител („Претседател“) на Крушевската република.
Никола Карев е роден како четврто дете во сиромашното јагленарско семејство Кареви. Во 1892 година е принуден да го прекине школувањето и да се вработи како столарски чирак. Во 1895 година го напушта своето родно огниште и како 16-годишно момче заминува на печалба во Бугарија. Во прво време работи како помошник ѕидар, а потоа станува столарски работник во работилницата на велешкиот столар и основач на Македонската работничка социјалистичка група во Софија, Васил Главинов.
Во Крушево се враќа во септември 1899 година и се зафаќа со докомплетирање на своето образование. Поради полагањето на завршниот испит во јуни 1900 година, Карев не учествува на Првата социјалистичка конференција. Сепак ги прифаќа нејзините одлуки, во прв ред одлуката за влегување на македонските социјалисти во редовите на ТМОРО. Социјалистите во ТМОРО се примени во февруари 1901 година, а со тоа и Карев станува дел од ТМОРО.
Во јуни 1901 година завршува четврти клас во Битолската гимназија и во учебната 1901/1902 станува учител во крушевското село Горно Дивјаци. Следната учебна година е префрлен на работа во Крушевската прогимназија.
На чело на Крушевскиот револуционерен комитет застанува во јануари 1903 година. На Смилевскиот конгрес во мај истата година се спротивставува на решението за кревање на Илинденското востание, сметајќи дека народот сè уште не е доволно подготвен да се крене на востание. Сепак, по одлуката за кревање востание, во својство на началник на Горскиот крушевски штаб, Карев активно учествува во подготовка и организација на востанието. Спроти Востанието, тој, во име на Штабот, објавува Проглас во кој го повикува народот на востание. Ноќта на 2 август 1903 година околу 750 востаници, предводени од горскиот начелник Никола Карев, го нападнале и го ослободиле Крушево.
За време на востаничката власт во Крушево, Карев е на чело на Штабот на крушевските востаници и не врши ниту една од функциите во новоизбраните цивилни органи на востаничката власт. Сепак, фактички, тој бил на чело на новата востаничка власт во Крушево, поради што обично му се припишува функцијата претседател на Крушевската република, иако за тоа нема формална основа. Како што напиша Кочо Топузоски:

„Беспредметни се сите дискусии, дури и во научната јавност за тоа дали Никола Карев бил или не бил 'избран' за 'Претседател на Крушевската република'. Тоа прашање воопшто не соодветствува на тогашните прилики, зашто таква 'функција' во деновите на крушевската слобода воопшто не постоела и не можела да постои.“ (Топузоски, 126 стр.).
Помеѓу поважните одлуки што ги донесе Карев е упатувањето на Крушевскиот манифест до околното муслиманско население го кое братски се повикуваше да ја поддржи и да ја помогне светата борба на сите обесправени во Македонија.

Под негово водство востанието во Крушево станало најголемиот успех на Илинденското востание.
Уште едно предавство заврши со уште едно кобно убиство. Никола Карев, учителот, социјалистот, претседателот на Крушевската република, човекот кој припаѓаше во групата македонски револуционери кои беа огорчени непријатели спрема сите надворешни мешања во македонското ослободително дело загинал на 27 април 1905 година, кај с. Рајчани, Кочанско, во борба со османскиот аскер. Карев и неговите истомисленици, особено оние со социјалистичките идеи, за најголеми непријатели ги сметале експонентите на бугарската политика кои се бореле за остварување на санстефанската идеја и нивните агентури - Егзархијата и врховизмот.
Во рамките на туѓото мешање во македонското националноослободително движење, како краен дострел на врховистичкото преземање на Организацијата во 1903 година, беше подигањето на предвременото Илинденско востание. На Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ (2 до 7 мај 1903), меѓу другото, Карев заедно со Никола Петров Русински укажувале на неповолните надворешни и внатрешни услови за востание, со нагласок дека доколку востанието пропадне тоа ќе значи и пропаст за револуционерното дело, а народот би бил подложен на насилство, однародување и претопување.
Иако бил противник на ваквото испровоцирано и недоволно подготвено востание, Карев со сета сила и ум се оддал на неговото реализирање, а своите интернационалистички и социјалистички погледи ги вградил во прокламирањето на етничката и верска еднаквост и толеранција помеѓу Македонците и другите етнички групи во Македонија, за време на Крушевската република. Всушност, револуционерната власт на чело со Карев, била примена во свеста на масите како народно-републиканска и според нејзиниот различен етнички состав и според мерките кои ги презела.
И по несреќниот крај на Илинденското востание Карев ја продолжил борбата и извесно време престојувал во Бугарија каде соработувал со повеќе бугарски социјалисти. Меѓутоа, за сето време на неговиот престој во Бугарија кај Карев постоела силна желба да се врати во Македонија и тука да ја вградува својата интелектуална и револуционерна енергија. Веројатно по налог на Организацијата, но и како израз на неговата цврста желба, тој решил да се врати во Македонија. Спречен да замине легално, во април 1905 година, со товар од социјалистичка литература на чело на една чета на Организацијата Карев заедно со војводата Петар Ацев, се префрлува во Македонија каде желно го очекувале неговите другари. На пат за Крушево четите на 26 април се задржуваат на поминување во селото Рајчани - Кратовско. Но, тука биле предадени и веднаш опколени од турската војска. Утрото на 27 април започнала жестока борба што траела се до зајдисонце. Во неа заедно со 18 другари паднал и младиот Карев, еден од раководните столбови на македонската револуционерна организација.
Една година по негова смрт, ќе загине уште еден силен столб на делото - Дамјан Груев. Така водечките македонски кадри, еден по еден, биле физички истребувани за патиштата на македонското национално-ослободително движење да бидат зевејувани од туѓи ветришта. Дел по дел се убиваше македонското ослободително дело кое рането крвавеше. Низ бројните предавства и убиства врз него се вршеше еден неверојатен, но добро обмислен историски атентат.
-Убедувањата на Никола Карев, можат да се потврдат и од интервјуто објавено во грчкиот весник "Акрополис" од 8 мај 1903 година. На провокативното прашање на грчкиот новинар Карев одговорил многу јасно: "Комитетот не е бугарски. Ако изгледа дека сме и наклонети на Бугарија, тоа е така затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. Ако Грција го правеше истото, ќе ја прифатевме со цело срце... Ние сме во таква положба што дури и Турчин да ни подаде рака за спас, ќе ја грабнеме со благодарсност". Следното прашање што го поставил новинарот било: "Демократија и пријателство со Бугарија?" Карев одговорил: "Не само со Бугарија туку и со секој што ќе сака да ни помогне да се ослободиме...". (Историја на македонскиот народ, том 3,..., 243).
Карев укажувал дека е прерано за востание, дека народот не е подготвен, дека крушевскиот крај се уште е слабо вооружан итн. Кога на тоа му било одговорено дека ќе добијат оружје, Карев остро реагирал дека се наоѓале пред денот на востанието, а народот се уште немал ништо за да го дочека првиот ден на востанието. Приврзениците за востание одговарале на критиките дека ако се чекало, Турците ќе го истребеле населението, а ако се фатат за оружје во помош ќе пристигне Бугарија. Карев со неговите истомисленици реплицирале: штом е така, Бугарија нека и објави војна на Турција, а Револуционерната организација ќе се приклучи со партизански одреди, а не со локално востание. (Орде Иваноски, Никола Карев, едиција "Незаборавник", Скопје 1990,44)
Посмртните останки на Карев во 1953 година, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание, се пренесени во Крушево. На 11 април 1990 година тие се пренесени во Македониумот.

Никола Карев до Гоце Делчев – 1902 г.
Драги Г(оце)
Моите извештаи стануваат се’ повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува.
Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот.
Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека „сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција”.
Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам.
Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат.
Никола
„Сами ние да се бориме за наша Македонија”, (Необјавено писмо на Никола Карев до Гоце Делчев) Нова Македонија (Скопје) г. бр. 7744 (5 мај 1968) стр. 8.
___________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment