Jun 29, 2010

Коле Неделковски - Глас од Македонија


О, трајте, трајте, тирани недни!
Доста се тија лаги и злоба -
пакосен глас од устите гадни
над мојот народ у секоја доба.
Та ете веќ векови цели
писка и стенка од волци гости -
за брата вијат кој да го дели
за да му глода сувите коски.
Па нека сега сам да си реши
со своја волја судба и сева,
в животот еднаш сам да се теши,
д'издигне славно свој род без врева.
Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј - на век да плиска
тешкиот глас на новите химни.

2 comments:

  1. На памет ја знаев. Неколку пати да ја прочитам и паќ ќе може да ја рецитирам за петка ;)

    ReplyDelete