Ова парче земја дало големи имиња, големи лидери кои ја воделе оваа земја во освојувања, но и такви херои кои цел живот го посветиле на тоа да ја видат својата земја слободна и независна. Провсветители и преродбеници кои оставиле длабоко културно наследство на Македонија. Тие останале запамтени кај народот како патриоти. Но Македонија ја следи едно проклетство кое се нарекува предавство. Уште од зачетоците на Македонија па до ден денешен постоеле и постојат пткажувачи (кодоши), платеници, предавници, братоубијци, оние кои немале и немаат национално чувство, љубов кон нацијата, кон својот народ, традиција и историја. Алчни, желни за материјална добивка или позиција. Заради такви Македонија многу често ја губела и сега ја губи историската шанса, појава која ни направила огромна штета низ историјата. Ситуацијата не е различна ни во поново време од осамостојувањето наваму, та „клопчињата“ нема да останат вечно замотани ќе почнат да се одмотуваат. Кога почна да се говори за сето ова, кога почна да се исправува искривената историја, одма се јавува отпор кај оние чии семејства имале и имаат корист од тие кои долго време се трудеа и трудат да ни наметнат друг идентитет. Но безразлика на се Македонецот опстојува.
Денес кога се отвораат клучни прашања за Македонија, кога некои си поигруваа и се труди да си поигруваат со народот, кога не фиромизираа, кога ни сменија знаме незнаејќи дека тој симбол е постар на овие простори од другиот, кога се прифатија срамни прговори за името на татковината и за нејзиниот идентитет, кога соседите упорно се трудат да ни го зграбат секој момент од историјата, кога внатре се случија многу работи чувствителни за народот повторно се јавуваат „патриоти“ и „предавници“. Кога и да се спомне збодот предавник секогаш се јавуваат истите партии и политичари, истите „интелектуалци“ и „експерти“, а најмногу галама креваат едни исти исти медиуми, новинари и „невладини“ организации и тоа во ситуација кога НИКОЈ НЕ Е ИМЕНУВАН. Истите овие секој ден не трујат дека оној кој го кажал зборот „предавник“ прави поделба кај народот и притоа навредувајќи и напаѓајќи како патриот да нешто најлошо. Да напоменам дека иста е и ситуацијата и тука по интернетов, по форуми, блогови... Изгледа на сите овие не им кажале дека патриот е некој кој има позитивно чувство и поддржувачки став спрема татковината. Патриотот е горд за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата, патриотот ги става националните интереси пред личните. Притоа свесни или несвесни дека поделбата си ја прават самите. Иако неименувани тие креваат галама. Самите се препознаваат во зборот предавник. Што е тоа што ги тера да се препознаат во тој збор, што е тоа што ги тера толку да го бранат и зошто останатите не се препознаваат тука, туку нон стоп едни исти? Да одговорам на ова незнам, неможам да знам што им шета по мозокот. Цепенков запишал една поговорка која гласи „Ако чвек сам не се пострамотит, никој не мојт да го пострамотит.“ Ако сами не се препознаете онаму кај што не ве именувале, неможе да припаѓате таму, но кога ќе се препознаете, тогаш си имате проблем со себе си. Доколку неможете да се препознаете таму, доколку сметате дека не припаѓате во таа група нема ни галама да кревате, нема ни да ја почуствувате таа „поделба“ која патем сами си ја правите. Затоа не ги обвинувајте останатите, за она кое сами сте си го направиле и чувствувате.
-------------------------------------------
Коментари не се дозволени, за да не си го трошам времето на оние кои се чувствуваат предавници
Поздрав