Ќе бидам искрен оти ќе бидам со тебе –
коњот што ми го купија им ce врати нагрден:
една глава имаше a другата ја немаше,
јас бев на Север, a тој на Јужна планина.
A пред тоа нечуено имавме што немаме:
во секоја куќа по една вдовица и кукавица
(сончев штрк над куќите, ладен смок под куќите)
заедничка посна пајнца и ѕвездена постела.
Еднаш годишно ce варосувавме однатре и однадвор
за да не може лесно да ни ce расипе магијата.
Кога имавме сенка имавме и часовник,
кога имавме добиток имаше и кој да ги подржува
нашите нокти и нашата подноктица,
леле моја тајно,
моја убавице.
Од жал за билјето на раните од ѕидарите
ce заљубувавме во имињата од петочните ливади
(нашите правеа збрки во поштите и просторите)
и шепнатите поздрави над задоцнетото овошје.
Бевме боси патници сред потковани ноќи,
со прокиснати души од студ и месечина.
Што ни можеше земјата, што му можевме на небото:
во нашите глави сета куќа и покуќнина,
леле моја тајно,
моја убавице.
Ќе бидам искрен оти ќе бидам со тебе –
јас не знам колку пати ce стемни оттогаш
и колку пати ce раздени не знам,
но знам дека коњот пошто–зошто го продадоа.
No comments:
Post a Comment