Jul 11, 2010

Крстот на кој бил распнат Исус Христос и садот од кој пиел на тајната вечера, низ Македонија

Се смета дека во Македонија се чуваат и неколку парчиња од Крстот на кој бил распнат Исус Христос. 
Всушност, се смета дека едно вакво мало парче се чува во црквата "Успение на Света Богородица" во Штип (во реонот Ново Село). 
Овој податок го потврдуваат и надлежните од црквата. 

Наводно мали парченца од овој Крст порано се давале како реликвии во поголемите регионални цркви. 
На таков начин вакво парче добила и црквата во Штип, која долго време во минатото била најголема активна црква во Вардарскиот дел на Македонија. Подоцна, наводно престанала таквата практика.

За парчиња од "животворното дрво Господово", кои се чуваат во Македонија, сведочи и рускиот епископ Порфириј Успенски, за кого рековме дека во средината на XIX век престојувал во Света Гора. Тој пишува дека во манастирот "Дохијар" му биле покажани три крста (два сребрени и еден златен), во кои имало вметнато парчиња од живо творното дрво Господово. 

("Второе путешествие на Свиатои Гори Атонскои архимандрита епископа Порфирија Успенскога во год. 1858, 1859 и 1861 и описание скитов атонским", Москва, 1880, стр. 76, цит. според Александар Матковски: "Македонија во делата на странските патеписци
1850-1864", Скопје, 1992)


Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” ( Кичевско ) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Во внатрешноста на црквата пак има извор со лековита вода од која спасение наоѓале многу паталци од разни болести и проблеми

Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица. Дебарско. Како тие дошле тука во Македонија?

За ова повеќе ни кажуваат “Повелбите” кои спрема православниот обичај се ставале во “скомастик”- вид на шише во кое се става напишаниот и заверен Документ – “Повелба” во која стои во владеењето на кој владетел се подига храмот и со кои свети мошти или други православни реликти. А такви морало да се ставаат за храмот да е со век и слава, што посвети тоа и повечни.

Пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на “Св. Константин и Елена” . Го пронаоѓа царицата Елена која се упатила лично и со голема придружба да го најде во местото на распетието. Евреите не го кажувале каде е закопан крстот па Елена успеала од еден старец со притисок да ја извлече информацијата за вистинската локација.

Таму навистина ги нашле трите крста – едниот на кој е распнат Исус и двата на кои се распнати двајцата разбојници а кој е вистинскиот, набргу се дознало. Имено Елена и придружбата ги распоредиле трите крста пред кои поминувала поворка со умрен кој требало да се погреби. Минувајќи ги двата крста не се случило ништо на кога умрениот минувал крај третиот крст, се случило чудо. Тој оживел, што било јасен знак за сите присутни, дека е тоа навистина чесниот крст. По ова Елена го носи во столнината и од каде подоцна патријархот Кирил Ерусалимски како најголеми световни реликти разделува стотици парчиња од него за да го чуваат и закрепуваат темелот на Христијанските храмови и вера. Така и се случило да дел од нив дојдат и во Македонија како што сведочат Повелбите за овие три манастири.



Според еден стар ракопис, во Македонија извесно време дури бил чуван и садот од кој Исус Христос лично пиел за време на Тајната вечера.

Овој податок е спомнат во патеписот на Англичанките Мјур Мекензи и А.П. Ирби, кој тие го објавиле во Лондон во 1867 година.
Пред говорот на овој патепис го напишал лично Вилијам Гледстон.

Мекензи и Ирби биле образовани и смели Англичанки, кои во втората половина на XIX век пропатувале поголем дел од Балканот.
Во 1863 година тие престојувале и во Македонија, каде посетиле неколку градови.

За време на својот престој во Солун, тие го посетиле главниот солунски манастир (чие име не го спомнуваат).
Таму им биле покажани низа скапоцени предмети, за кои калуѓерите им кажале дека се подароци од Русија.

На прашањето зошто Русите му дале вакви подароци на манастирот, калуѓерите одговориле дека за возврат на Русите им бил даден садот од кој Исус Христос пиел за време на Тајната вечера.

Тој сад наводно бил обична тиквичка и некои сметале дека од неа Исус пиел на Тајната вечера, а други дека од неа пиел вода од изворот Самариски.

Како и да е, гледаме дека постојат сведоштва, според кои, овој сад извесно време се чувал во Македонија, а потоа бил однесен во Русија.

("The Turks, the Greeks, and the Slavons, Travels in the Slavonic proprovinces of Turkey in Europe" by Muir Mackenzie and A.P. Irby, Лондон, 1867, стр. 8, цит. според Александар Матковски: "Македонија во делата на странските патеписци 1850-1864", Скопје, 1992)





sources
1 ; 2

2 comments:

  1. Хммм, се мислам дали ако побарам, свештениците ќе ми го покажат парчето од крстот да го сликнам и стаам на Нет.

    ReplyDelete
  2. парчето од крстот кој се наоѓа во Бигорски можеш да го видиш во ковчегот заедно со другите десетина мошти

    ReplyDelete