Признавањето на македонскиот јазик вовед нова реалност
Откритието дека со пописот од 1920 година грчката Влада го признала македонскиот јазик, треба да помогне сите негатори на македонската нација да ја увидат историската реалност, смета историчарот Васил Јотевски кој е по потекло од Егејска Македонија.
Грција го признала македонскиот јазик пред 85 години
Според него, дел од грчките историчари веќе ја признале македонската нација, а јавниот повик на поранешната грчка амбасадорка во Скопје Гросоманиду Грција да ја прифати македонската реалност, јасно говори за силината на македонските аргументи.
ој не очекува Грција и Бугарија наскоро да престанат со негаторската политика, поради дневната агенда на политичките партии, но таквата ситуација, според него, има и позитивни страни.
„Со ова негација доаѓаме до зацврстување на македонскиот национален идентитет, а до ослабнување на позициите, условно да речам, националистичките позиции на политичките партии кои ги користат овие работи за владеење над сопствените народи“, изјави Васил Јотевски, историчар.
Јотевски се противи на постојаната дефанзивна политика на македонските власти, кои постојано објаснуваат дека постои македонска нација.
„Ако си го постави некој Македонец како такво прашање, мислам дека не е доволно упатен и не верувам дека има таков македонец кој си го поставува така прашањето, како што сака некој да ни го наметне“, додаде Јотевски.
И покрај обидот на грчките власти да ги уништат сите документи од пописот организиран на барање на меѓународниот фактор во 1920 година, дел од документите се пронајдени и објавени од партијата „Виножито“ во второто проширено издание на букварот наменет за македонските деца во Егејска Македонија.
Потврда, дека грчката Влада по Првата светска војна го признала постоењето на македонските нација, може да се најде и во кириличното издание на букварот, но и во фактот што по Втората светска војна некои грчки политички партии на териториите населени со Македонци, објавувала текстови во весниците на грчкиот алфабет, латиница како и на македонски јазик запишан со грчко писмо.
А1 ТВ 23.07.2007
Грција го признала македонскиот јазик пред 85 години
Во 1920 година грчката Влада во официјални државни документи признава дека во Грција живеат Македонци.
Во пописот на населението, организиран од Атина, под притисок на Друштвото на народите, во посебна графа означена на грчки и француски јазик, различна од графите за бугарски и српски јазик се попишувало населението што говорело македонски.
Официјалните резултати не биле никогаш објавени, а најголемиот дел од пописната документација била уништена исто како и копиите на кириличното издание на букварот, наменет за македонските деца во 1926 година.
Сепак, дел од пописните материјали се сочувани од страна на грчки историчари.
Пописниот документ на кој јасно се гледа дека македонскиот јазик бил дел од грчката владина политика е реобјавен во втората проширено издание на абецедарот, промовиран пред два дена во Овчарани, леринско од партијата „Виножито“.
„Повеќето не знаат дека во 1920 година има таква информација, дека во тој опус луѓето се прашувале за мајчиниот јазик. Тие делови што се однесувале на пописот за Македонија никогаш не биле публикувани“, изјави Димитриос Литоксоу, „Виножито“.
Дел од пописната документација на која се гледа дека две децении пред Тито, Грција го признала македонскиот идентитет, пред година и пол биле доставени до преговарачот до грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц.
Според дипломатски извори на А1, овие историски факти го натерале Нимиц во претпоследниот предлог за името да го смени ставот и во последниот предлог да предложи поповолно решение за Македонија, кое беше веднаш отфрлено од Атина.
А1 ТВ 22.07.2007
Greek language census 1928
Пописот во Грција според јазикот од 1928 година после Грчко-Турската размена на население од 1922 година што бројката од 81.984 е разумна
клик на сликите за поголеми
клик на сликите за поголеми
No comments:
Post a Comment